Published: Tuesday, November 20, 2018 10:01
После првиот круг од гласањето на Генералното собрание на Интерпол, Косово не успеа да добие доволен број гласови за членство во оваа меѓународна полициска организација.
„За“ гласале 76 земји, 56 биле „против“, а 22 биле воздржани.
Претходно на делегатите во Дубаи им се обрати српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ според кого приемот на Косово во Интерпол е спротивно на Резолуцијата 1244.




