НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новите вработувања: Шанса за социјалците- удар врз буџетот

0
By Нова ТВ on October 7, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новите 1600 вработени од социјално ранливите категории се вистински потег во борбата со невработеноста, но истовремено и сиромаштијата или ваквите вработувања само дополнително ќе удрат врз кревкиот буџет, а со тоа и директно на македонската економија, се вели во анализата на Фактор.

1600 лица добија државна работа, ќе земаат плата од буџетот, економистите не се уверени дека начинот на кој беше изведена целата постапка е оправдан, политичките аначитичари пак коментираат дека овие политики само навестуваат дека на повидок се нови предвремени парламентарни избори.

За политичките аналитичари во земјава овој владин потег може да се гледа како увертира и најава на предвремени парламентарни избори. 1600 нови вработувања ќе значат гласови на контото на владеачката партија. Дел од бизнисмените кои ги анкетираше Фактор, а сакаа да останат анонимни стравуваат дека со овие нови вработувања буџетот дополнително ќе се оптовари затоа што тоа ќе значат екстра пари за новите вработувања. Ја повикуваат владата да помогне во креирање на отворање на нови работни места во стопанството, а не само да се трупаат вработени во администрацијата, под државна капа.

Последната официјална бројка која циркулираше во јавноста е дека јавната администрација во земјава брои вкупно 118 илјади вработени. Ако се земат предвид бројките од Буџетот според кои за еден вработен годишно државата троши 8.000 евра, тоа значи дека речиси една милијарда евра народни пари секоја година се трошат за да се финансира администрацијата, а оваа сума сега ќе се зголеми бидејќи Владата најави дека новите вработувања ќе повлечат близу 8 милиони евра од Буџетот на годишно ниво. Светската банка пак, во својот неодамнешен извештај констатираше дека во земјава вработувањата се случуваат само во јавниот сектор, но нема отварање работни места во приватниот сектор, кои всушност најмногу влијаат на растот на вработеноста.

За домашната експертска јавност квалификациите треба да бидат во преден план, а не компјутерскиот барабан.

„Кога станува збор за вработувања од пресудно значење треба да бидат квалификациите на кандидатите, на самите луѓе. Во ред е како приоритет да се постави, лицата да се невработени или да се од многучлено семејство или пак некоја друга социјална категорија, но сепак сметам дека освен ова, исклучително важно е и знењето кое овие луѓе го имаат или претходно. Исто така подобро е да се знае која ктегорија на кандидати одговараат за одредна работна позиција, па потоа со дополнително обрзование или тренинг обука ќе се создадат услови да можат тие социјални категории да можат да одговорат на работните обврски“, вели Шенај Хаџимустафа, универзитетски професор.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.