НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Титаник продолжува на 26 ноември-на Груевски ќе му се суди во отсуство

0
By Нова ТВ on November 23, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство продолжува на 26  ноември, откако на денешното рочиште беа преслушани околу 80 разговори во периодот меѓу вториот и третиот изборен круг на локалните избори во 2013 година.

Во најголем дел од разговорите се слушаше гласот на екс-министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески како разговара со партиски членови и директори на денот и по изборте, прави анализа на изборните резултати од вториот круг и каде им одговара да се одржи трет круг во општина Центар.

Во разговор од 11 април 2013 година Јанакиески со непознато лице разговара за ситуацијата во ДИК и колку од поднесените приговори им се прифатни и што може да направат.

Од аудио разговорите се слушаше како во општина Центар има околу 5.000 пензионери гласачи и оти треба нешто да пробаат да направат околу тоа. Потоа, во разговор од 19 април на Миле Јанакиески, непознато машко лице од месните комитети на партијата му предлага начин како пензионерите од Центар да ги однесат некаде за да бидат на денот на гласањето. Соговорникот му вели на Јанакиески: „Ќе им кажеме до дванаесет, еден се враќаме, а ќе ги вратиме покасно“.

Од бомбите можеше да се чуе и како Јанакиески разговара со директори на фирми и бара начин како вработените кои гласаат во Центар доколку не биле сигурни гласачи, подобро да им биде кажано да не излезат на гласање.

На почетокот на денешното рочиште Судот донесе одлука на поранешниот премиер Никола Груевски, кој се наоѓа во бегство во Унгарија, да му се суди во отсуство.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и досега се преслушани околу 950 разговори од над илјада предложени од СЈО како докази.
„Титаник“
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.