Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Брегзит: Успешен развод или трагедија

0
By Нова ТВ on November 26, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, November 26, 2018 11:59

Лидерите на ЕУ, заедно со британската премиерка Тереза Меј, вчера го усвоија договорот за излегување на Велика Британија од европскиот клуб. За некои од лидерите ова е знак за успешен развод а за други, како шефот на ЕК Жан-Клод Јункер, вчерашниот ден беше тажен па дури и трагичен, изјави тој.

Последните пречки беа кренати во последен момент. Мадрид и Лондон се договорија за Гибралтар, најголемата пречка за обезбедување консензус при гласањето. Шпанија бараше промени во нацрт-договорот за Брегзит и изјава за идните односи со цел да биде јасно дека секоја одлука на оваа британска територија (која се наоѓа во Шпанија) ќе биде донесена само во директни преговори со Мадрид.

Гласањето во британскиот Парламент неизвесно

Сега следува најтешкиот дел – британската премиерка треба да обезбеди мнозинство во британскиот парламент, што во овој момент е крајно неизвесно. Меј денеска изјави дека Договорот е „најдобриот и единствениот можен договор” за кој британскиот Парламент ќе гласа пред Божик.

Водечката британска опозициска Лабуристичката партија во Парламентот ќе гласа против договорот на британската Влада со ЕУ за Брегзит, изјави денеска нејзиниот лидер Џереми Корбин.

Тој смета дека договорот потпишан во Брисел е на штета на Велика Британија и е „тажен неуспех на преговорите“.

– Со него ни се дава помалку право да одлучуваме за нашата иднина и ги загрозува работните места и животниот стандард, рече Корбин.

Во Брисел не сакаат да коментираат што би можело да се случи ако договорот за „развод“ не помине во британскиот Парламент или ако падне Владата на Меј, но велат дека ЕУ веќе некое време се подготвува за Брегзит без договор, што би било најлоша опција.

Тажен ден за големото пријателство

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск изјави дека ЕУ и Велика Британија засекогаш ќе останат пријатели, независно од процесот на ратификација на договорот за Брегзит и понатамошните преговори меѓу двете страни.

– Пред нас е тежок процес на ратификација на договорот за Брегзит, како и понатамошни преговори за идните односи. Но, без оглед како тоа ќе се заврши, една работа е сигурна – ќе останеме пријатели се додека постои светот, и еден ден подолго од тоа, наведе Туск на Твитер.

Постигнатиот договор за Брегзит беше единствената можна зделка со Лондон, изјави Јункер.

– Задоволни сме од постигнатиот резултат, но денот е тажен. Не е време ниту за аплаузи, ниту за шампањско. Сите на денешната седница изразија тага. Пред една година ЕК презеде обврска да преговара со Велика Британија. Тешко беше да се зачува единството на државите од ЕУ. Често имаше притисок од Лондон врз одделни држави од Унијата и соодветната работна група во Европскиот парламент. Имаше проблем и со нашите шпански пријатели, кои многу ги почитувам. Се договоривме и за Гибралтар. Оние кои не се Шпанци, не ја разбираат важноста на прашањето. Постигнатиот договор е добар за Шпанија, истакна Јункер.

Тој повика овој договор да биде поддржан и во британскиот Парламент, бидејќи тоа е единствената најдобра зделка.

Ако договорот добие поддршка во Парламентот, тогаш британската Влада мора да предложи закон за напуштање на ЕУ, што исто така може да предизвика жестоки дебати.

На европската страна и е потребна согласност од Европскиот парламент. Гласањето во Европскиот парламент може да се одржи на почетокот од 2019 година, а теоретски тоа е можно да се направи на 28 март 2019 година, последниот ден од пленарната седница пред Велика Британија замине на 29 март 2019 година.

По ратификацијата во Европскиот парламент, договорот за раздружување мора да биде одобрен од Европскиот совет, најголемото политичко тело на ЕУ, кое ги поврзува шефовите на држави или влади. Во Европскиот совет, договорот мора да добие квалификувано мнозинство – 72 процента од 27 земји-членки (20 земји-членки), што претставува најмалку 65 проценти од популацијата во ЕУ.

Доколку се мине според планот, на полноќ на 29 март, Обединетото Кралство повеќе нема да биде членка на ЕУ и повеќе нема да може да учествува во одлучувањето во органите на ЕУ, по што следува период на транзиција.

Тој период на транзиција е договорен до крајот на 2020 година, а според политичката изјава, тој може да се продолжи до максимум две години, односно до крајот на 2022 година.

Дури по 29 март 2019 година формално може да започнат преговори за идните односи, а основата за тие преговори ќе биде политичка декларација, која само дава преглед на овие идни односи.

Најтешкото прашање во преговорите – прашањето за границата на ирскиот остров – е решено на начин што Обединетото Кралство и ЕУ ќе формираат единствена царинска територија додека не се постигне договор за идните односи.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.