Собранието со 62 гласа „За“ одлучи да му се одземе пратеничкиот имунитет на Никола Груевски.
Доколку Никола Груевски биде екстрадиран во Македонија, или на некој друг начин стане достапен за органите на прогонот, ќе треба да оди во притвор.
На седницата не присуствуваше ниту еден пратеник од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Комисијата денеска со пет гласа „за” ги усвои шесте барања од судот за одземање на имунитетот на Груевски, кој избега од Македонија и доби политички азил во Унгарија. На седницата не присуствуваше ниту еден пратеник од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, чиј почесен претседател е Груевски.
Одлуките за барањата за одобрувања на мерката притвор ќе бидат испратени до претседателот на Собранието кој треба да закаже пленарна седница.
Претседателот на Комисијата Павле Богоевски изрази разочарување што, како што кажа, нашиот систем не го обезбеди Груевски за издржување на двегодишната казна за случајот „Тенк“. Побара одговорност и завршување на истрагата за бегството на Груевски.