НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џафери oчекува уставните измени да финишираат до средината на јануари

0
By Нова ТВ on November 30, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Собранието Талат Џафери очекува втората фаза од уставните измени да заврши околу 18 декември, по што би почнала третата и последна фаза од носењето на уставните амандмани. Целиот процес би се заокружил во средината на јануари.

Во Собранието утре започнува пленарната седница за уставните амандмани, за што неговите очекувања се дека ќе заврши побрзо од законски предвидениот рок.

– Утрешниот ден ќе даде појасна слика за тоа колку ќе трае дебатата на собраниската седница. Имајќи предвид дека опозицијата не учествуваше на собраниската Комисија, не очекувам сензационализам на самата седница, рече Џафери на средбата со новинарите.

По усвојувањето на уставните амандмани во Собранието за што е потребен 61 глас, предлагачот на уставните измени односно Владата треба да организира јавна расправа од три дена, по што има два дена да подготви извештај и петтиот ден да го достави до Собранието. Џафери потоа е должен во рок од 30 дена да закаже седница за финално носење на амандамните, за што повторно, како во првата фаза, е потребно двотретинско мнозинство.

За време на јавната дебата за уставните амандмани во земјата се очекува да престојуваат европратениците кои го иницираа „Жан Моне“ процесот во Македонија, во рамки на кој требаше да се одржи нова средба, но поради референдумот, а потоа и уставните измени се одложи. Деловникот за работа на парламентот и Кодексот за однесување, кои беа дел од темите на дискусија во рамки на овојх процес се очекува да бидат усвоени до крајот на годината или до средината на јануари.

Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека очекува да бидат запазени роковите за уставните измени и целиот процес да заврши до средината на јануари, а во финалната фаза да биде поддржан од дополнителен број пратеници во Собранието.

Паралелно со уставните измени во Собранието тече и амандманската расправа за Предлог-Буџетот за 2019 година, која ќе биде прекината поради завршување на втората фаза од уставните измени. На 27 декември треба да се одржи последна седница годинава за поставување пратенички прашања, а Парламентот би одржал евентуално уште две седници, од која едната би била за годишно обраќање на претседателот Ѓорге Иванов, доколку побара.

Од Кабинетот на Иванов информираа дека претседателот ќе има обраќање во Парламентот.

 

брифинг уставни измени џафери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.