Словенија назначи женски офицер за водач на армијата, прва од земјите членки на НАТО.
Мајор генерал Аленка Ерменц која има 55 години започна со служење на нејзината должност во средата. Таа доаѓа на местото на мајор генерал Алан Гедер кој на должноста беше само шест месци и покажа слаби перформанси.
Претседателот на Словенија, Борут Пахор, вели дека нејзиниот ангажман ќе донесе напредок и модернизирање на воените сили на земјата.
– Мајор генерал Аленка Ерменц има широко менаџерско искуство и покажува одлучност – вели Пахор.
Ерменц исто така била и првата жена на чело на баталјон во Армијата на Словенија.
Образована е во Велика Британија, ангажирана била на мисија во Косово во 2009 година. Таа сега ќе ги води трупите кои се сочинети од 7.500 војници, вклучително и резервисти.




