Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Стефановиќ: Изјавата на Хоџај е непријателски акт

0
By Нова ТВ on December 2, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, December 2, 2018 09:44

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, реагираше синоќа по повод изјавата на косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај дека во Хрватска, Македонија и во Црна Гора разговарал за создавање на регионален пакт против Србија.

Стефановиќ за ТВ Пинк изјави дека оваа изјава на Хоџај преставува непријателски акт против Србија и нејзините граѓани и повик за додатна дестабилизација во регионот.

Тој рече дека не разбира зошто Србија би се нашла на мета на некаков регионален сојуз, земајќи предвид дека  со сите се обидувала да развие добрососедски односи, но ќе биде интересно наведените земји прво да се одредат.

–  Да слушнеме што тие размислуваат за ова кое  преставува отворена агресија врз Србија и кое повикува на дополнителна нестабилност во регионот, бидејќи од зборовите на Хоџај гледаме само омраза насочена кон Србија и српскиот народ, рече Стефановиќ.

Истакна дека Србија ништо лошо им нема направено на Црна Гора, Македонија или БиХ, освен што им помагала.

– Вложивме свои пари и изградивме училишта во БиХ. Единствено ние Македонија ја викавме според името кое сама го одреди, иако нашите грчки пријатели секогаш се лутеа поради тоа, рече Стефановиќ.

Тој додаде дека Србија отсекогаш се обидувала со овие земји да изгради добри дипломатски односи, но смета дека проблемот е во тоа што Србија станала економски и политички посилна од сите овие земји.

Со реакција се јави и директорот на владината канцеларија за Косово Марко Ѓуриќ, кој изјави дека „Енвер Хоџај ги открил вистинските намери на Приштина, порачувајќи дека нивната цел е уништување на Србија и создавање на непријателска антисрпска коалиција во регионот.“

Вицепремиерот на Косово Енвер Хоџај во саботата за загребачкиот весник „Вечењи лист“ изјави дека во неколку наврати за време на престојот во Хрватска, Македонија и Црна Гора разговарал со лидерите на тие земји за основање на пакт кој би и се спротивставил на Србија и на „нејзината агресивна политика”.

Тој ова го оправда со фактот дека Србија, „ја продолжува агресивната кампања против Косово” и сака, покрај Косово, да го дестабилизира целиот регион, за што како што Хоџај изјави, им  кажал на хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ и премиерот Андреј Пленковиќ.

На сите им е јасно. Кога не предизвикува криза со Косово, тогаш ја предизвикува со Хрватска или со Македонија или Црна Гора”. Србија има добри односи само со Република Српска и со никој друг. Зарем тоа не е чудно? Во неколку наврата,за време на престојот во Хрватска, Македонија и Црна Гора, разговарав со лидерите на овие земји да основаме еден пакт кој би и се спротивставил на Србија и на нејзината агресивна политика , рече Хоџај.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.