Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието го усвои и третиот нацрт-амандман на Уставот

0
By Нова ТВ on December 3, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 3, 2018 13:55

Собранието на Република Македонија на денешното продолжение на 64. седница со 64 гласа „за“, 14 „против“ и двајца воздржани го утврди нацрт-амандман на Уставот, во кој ќе стои „Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави”.

Пратениците од власта и од опозицијата во текот на дебата останаа на своите позиции за и против промена на Уставот согласно Договорот од Преспа. За опозицијата власта нема мандат за усвојување на уставните измени, за кои нема ниту консензус, а со него добива само Грција. За владејачкото мнозинство со договорот добива Македонија, се зацврстува државноста и националниот идентитет и се отвора патот за членство во ЕУ и НАТО.

Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека овој амандман не менува ништо а суштината на промената е во промената на името. Смета дека и од Грција треба да се побара да ја вметне истата оваа одредба за да покаже вистинско пријателство.

Заменик министерот за надворешни Андреј Жерновски реплицираше дека станува збор за амандман со кој двете земји меѓусебно заемно гарантираат неповредливост на границите.

– Македонија е единствена во регионот која има решено границата со своите соседи. Ова треба заемо како власт и опозиција да го објасниме на своите граѓани. Ниту една држава во регионот го нема решено тоа прашање. Ако погледнеме во регионот кои прашања се отвораат не може да кажеме дека ова е небитно прашање. Со овој аманмдман ги решаваме дефинитивно границите на Македонија, рече Жерновски.

На ова, Илисоки реплицираше дека заемно ќе биде ако истата реченица се најде и во Уставот на Грција.

Иван Иванов побара да се повлече овој амандман, бидејќи е уреден со меѓаународното право и се подразбира сам по себе. Македонија рече докажала дека е мирољубива и конструктивна членка на меѓународната заедница, а во дополнението на членот 3 во Уставот, на барање на Грција веќе се изјаснила дека нема територијални претензии кон соседните држави.

Илија Николовски од Партијата на пензионери рече дека почитувањето на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави  е императив за зачување и изградба на стабилност и мир  на балканските пристори. Според него, Уставот не е библија и тој се усвојува и менува во Парламнетот, а нивната партија има принципиелен став за поддршка на Договорот.

– Треба да си подадеме рака во овој историски момент кога треба да донесеме еднан историска одлука која ја дефинира иднината на нашата држава, на граѓаните и на идните генерации, рече Николовски.

За Невена Стаменковска од ВМРО-ДПМНЕ се отвара дилема дека во третата фаза ќе ги добијат вистинските амандмани за промена на Уставот, а овие амандмани се пратени во про форма за полесно да поминат кај граѓаните, бидејќи се вели „скандалозно“ напишани. Откако ќе поминат овие уставни измени, Грција, вели, нема да застане во своите барања и ќе испорача нови.

По изгласување на овој амандман започна дебатата и за последниот од предвидените четири, согласно Договорот од Преспа, а се однесува на иселениците. Со него Републиката ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината, a притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.

Собрание уставни амандмани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.