Познатиот пејач, композитор и гитарист на „Битлси“ Џон Винстон Ленон е роден на денешен ден (9 октомври 1940) во Ливерпул. Тој беше убиен на 8 декември 1980 – застрелан е од психички лабилен обожавател, Марк Дејвид Чепмен, во Њујорк.
Неговата креативна кариера содржи и епизоди во кои Ленон може да се опише како политички активист, уметник, актер и писател. Дел е од тимот Ленон-Мекартни, можеби најуспешното кант-авторско дуо во историјата на рок-музиката. Истовремено, во својата соло-кариера, Ленон останува запамтен и како автор на Imagine и Give Peace A Chance, две од најпознатите песни на дваесетиот век. Тој е една од големите музички икони на дваесетиот век.
Во 2002 година, според анкетата 100 Најголеми Британци на Би-Би-Си, Ленон е рангиран на осмото место. Во 2004 година, списанието Rolling Stone го прогласува Ленон за 38-ми најголем музичар на сите времиња на својата листа “Бесмртните: Педесетте најголеми уметници на нашата епоха”. На истата листа, Битлси го заземаат првото место, стои запишано во интернет екциклопедијата Википедија.
По неговиот брак со Јоко Оно во 1969 година, тој го промени своето име во Џон Оно Ленон, со која го има синот Шон.