НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Финална фаза на уставните измени-почнува јавната расправа амандманите

0
By Нова ТВ on December 5, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Почнува третата фаза од постапката за уставни измени во согласност со Договорот од Преспа.

Денеска во Владата ќе биде организирана првата од петте јавни расправи за четирите нацрт-уставни амандмани. По пет дена Владата ќе треба да достави Извепштај до Собранието, а потоа претседателот на Собранието Талат Џафери за 30 дена да закаже пленарна седница на која е потребно двотретинско мнозинство за финално усвојување на уставните измени.

Владата соопшти дека организира серија јавни дискусии со експертската јавност и со граѓаните во врска со нацрт-амандманите за измени на Уставот на Република Македонија, со цел инклузивност во историскиот процес за обезбедување на европската и евро-атлантската иднина на Република Македонија.

Првата јавна дискусија ќе се одржи утре со почеток во 16:30 часот, во Свечената сала во Владата, а говорници ќе бидат премиерот Зоран Заев и универзитетските професори Владо Поповски и Љубомир Фрчкоски.

Во четврток јавна дискусија ќе се одржи напладне во Универзитетот ФОН. Говорници ќе бидат премиерот Заев, ректорот на ФОН Универзитетот, универзитетските професори Нано Ружин и Темелко Ристевски.

Третата јавна дискусија ќе се одржи во петок со почеток во 10 часот, во Македонска академија на науките и уметностите. Говорници ќе бидат заменик-претседателот на Владата  задолжен за европски прашања, Бујар Османи, министерот за надворешни работи Никола Димитров, академик професор Владо Камбовски и универзитетскиот професор Светомир Шкариќ.

Последните две јавни дискуси ќе се одржат во понеделеник на 10 декември во Штип и во Тетово.

На дискусијата во Општина Штип говорници ќе бидат премиерот Заев, судијката Маргарита Цаца Николовска и универзитетскиот професор Ѓорѓи Спасов.

Во јавната дискусија во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, говорници ќе бидат заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, вицепремиерот Османи, и универзитетските професори Беса Арифи и Блерим Река.

Пленарната седница за усвојување на четирите нацрт – амандмани заврши во понеделникот, а за нивно усвојувување беше потребно просто мнозинство. Владејачките партии ги поддржаа измените, опозоциската ВМРО-ДПМНЕ беше против, додека за три од амандманите воздржано гласаа пратениците од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За подобра Македонија со чија поддршка беше отворен Уставот, условувајќи ги нивните гласови со процесот на помирување.

Целосен текст на нацрт амандманите на Уставот и Преамбулата

Со првиот амандман се предвидува во Уставот зборовите „Република Македонија“ да се заменат со зборовите „Република Северна Македонија“, а зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, освен во членот 36, кој има историски апсект и се однесува на „посебните социјални права на борците од Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на Македонија”.

Со вториот амандман во Преамбулата на Уставот па зборовите „одлуките на АСНОМ“ се заменуваат со зборовите „Прогласот од Првото заседание на АСНОМ” и се додаваОхридскиот рамковен договор.

Во третиот амандман се наведува дека „Републиката го почитува суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката независност на соседните држави”, а четвртиот се однесува на иселениците и во него се предвидува републиката да ги штити правата и интересите на своите државјани кои живеат или престојуваат во странство и ги унапредува нивните врски со татковината, a оти притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.

На 19 октомври Собранието со поддршка од 80 гласови и 39 против, ја започна постапката за пристапување кон уставни измени. Двотретинското мнозинство беше обезбедено со осумте гласови на пратеници од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, дел од нив се обвинети во случаи на СЈО и за настаните од 27 април. 

 

јавна расправа трета фаза уставни амандмани
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.