Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НАТО има доверба дека ќе се решат случаите на висока корупција

0
By Светлана Јовановска on December 5, 2018 ПОЛИТИКА
ФОТО: НАТО прес служба
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 5, 2018 13:26

Шефовите на НАТО дипломатиите имаат доверба во македонскиот институционален судски систем, изјави денес висок дипломат на Алијансата на маргините на средбата на НАТО министрите за надворешни работи во Брисел.

Во одговорот на новинарско прашање за бегството на Никола Груевски во Унгарија, дипломатот рече дека на министерската маса денес во НАТО имало дискусија за реформите за владеењето на правото во нашата земја. Според овој извор, тие реформи добро напредуваат и сите НАТО министри имаат доверба во институциите што ја истражуваат корупцијата на високи функционери.

НАТО денес испрати силна поддршка до Македонија и од земјата чека финализирање и примена на Договорот од Преспа, изјави дипломатот.

Според него, поддршката дошла од сите членки на НАТО.  И од грчкиот министер кој изјавил дека треба да се поздрави храброста на Скопје и Атина во овој процес.

Според друг НАТО извор, денес во Брисел, на министерската дебата за Западниот Балкан, Македонија била добрата вест.

Нашиот министер за надворешни работи Никола Димитров беше исто така во Брисел каде што се сретнал со повеќе свои европски колеги од кои ја добил поддршката за влезот на Македонија во НАТО и поддршка за брза финализација на Договорот од Преспа.

Димитров потсети дека Македонија е кандидат за членство во НАТО од 1993 година кога, преку Декларцијата на Собранието, Македонија кажа дека сака во НАТО.

-Требаше да влеземе во 2008 година. Поминаа 10 години и конечно го остранивме проблемот со Атина. Ова е важно и за Македонија, но и за Алијансата и за регионот. Со тоа се проширува географијата на која има повеќе стабилност и предвидливост. За нас НАТО членството значи дека Македонија е тука за да остане во овие граници, изјави Димитров.

Алијансата очекува дека Преспанскиот договор ќе биде комплетиран кон средината на јануари.  Потоа процесот на зачленување минува во Алијансата на потпишување на Придружниот договор. НАТО очекува дека Македонија ќе стане полноправна членка на пролет 2020 година.

Во меѓувреме, ќе почне процесот на ратификација во земјите членки на НАТО кој ќе трае 12 до 14 месеци.

Истовремено, во овој период, Македонија треба да поднесе програма за реформи и да ја спроведе за време на процесот на ратификација.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.