НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МВР: Немаме наредба од Судот за приведување на осудениот гинеколог

0
By Менче Атанасова Точи on December 6, 2018 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

До сега до Министерството за внатрешни работи нема стигнато наредба од Судот за приведување, односно распишување на национална или меѓународна потерница за гинекологот Николче Дамчевски, тврдат во МВР. Од таму потврдуваат дека од средина на минатата година тој е во системот на патници кои имаат забрана за излез од Македонија.

„Што се однесува до другото прашање, ве известуваме дека по добиено известување од судот за изречена судска забрана за излез на Николче Дамчевски од Република Македонија, на 26.7.2017 тој е внесен системот за контрола на патници со мерка „забрана за излез од Република Македонија“, одговорија во МВР.

Но, од МВР нема ниту збор за упатниот акт за издржување на казна затвор кој уште на 14.11.2018 година е испратен до МВР, кога е побарано да се утврди неговата достапност, како што потврдија од Основен суд 1, и дека до овој момент Судијата за извршување на санкции нема никаков одговор од МВР.

Во меѓувреме, стигна и официјален, писмен одговор од Медицинскиот центар “Мајчин дом”, за деталите во однос на мерките кои се преземени по објавените информации дека гинеколог кој е осуден на две години казна затвор во Македонија е дел од нивниот тим, работи и прегледува пациентки.

Од таму потенцираат дека раководството на Медицинскиот центар „Мајчин дом“ во Софија се обратил до бугарската Агенција за медицинска ревизија при Министерството за здравство, за да изврши проверка на податоците на гинекологот Николче Дамчевски, кој има извршна казна затвор од две години од Апелацискиот суд во Скопје.

Раководството на Медицинскиот центар “Мајчин дом” изразува подготвеност да покаже целосна соработка со истражните и контролни органи во врска со разјаснувањето на околностите на случајот, велат од таму.

„Д-р Дамчевски има бугарско државјанство и завршил медицинско образование и постдипломски студии во Бугарија. Тој не е вработен во „Мајчин дом “и нема работен однос ниту со болницата, ниту со Медицинскиот центар. Активноста која ја остварува е основана на граѓански договор кон медицинскиот центар и при за склучување на договорот се исполнети сите правни и административни процедури. Д-р Дамчевски има обезбедено сите документи од бугарското законодавство за вршење на лекарска дејност – диплома за високо медицинско образование, потврда за специјализација по акушерство и гинекологија и сертификат за членство во Бугарскиот лекарски сојуз од месец август 2018 година. Врз основа на овие документи тој добил регистрација и право за извршување на амбулантско медицинска помош од регионалната Здравствена инспекција“, се вели во сооштението од Медицинскиот центар“ Мајчин дом“.

Претходно, од  Медицинскиот центар „Мајчин дом“, за НОВА потврдија дека Дамчевски од денеска не работи веќе таму откако било интервенирано од Министерството за здравство на Бугарија и дека во моментот се испитува случајот.

Дамчевски од денеска е избришан и од веб страната на Медицинскиот центар„Мајчин дом“ во Софија. Осудениот гинеколог го нема повеќе меѓу лекарите специјалисти кај кои може да се закаже терми, а кога ќе отворите на линкот не се појавува неговата фотографија заедно со биографијата.

Како што веќе објави НОВА, Николче Дамчевски, гинекологот кој девет месеци лажеше пациентка дека е бремена избегал од Македонија. Наместо да оди на издржување на казна затвор во траење од две години, пресуда која е извршна, тој им избегал на македонските правосудни органи. Освен казната затвор која Апелациониот суд ја потврди и ја зголеми од 1, 6 месеци на 2 години, Дамчевски има и забрана за вршење на дејност во траење од 8 години.

Додека македонските правосудни органи и МВР се уште проверуваа каде е, НОВА го пронајде во Бугарија каде слободно работи како гинеколог во државниот Медицински центар „Мајчин дом“,  закажува термини, прегледува и лекува пациентки.

Според пресудата, гинекологот Дамчевски е виновен за Тешки дела против здравјето на луѓето и фалсификување исправа. Тој пред судот ја призна вината и за двете дела, Несовесно лекување и Фалсификување на медицински документи.

 

 

–

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.