НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шарената револуција е пример за граѓански активизам што донесе промени

0
By Нова ТВ on December 7, 2018 ПОЛИТИКА
Фото: МИА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија и „Шарената револуција“ кои започнаа кон крајот на 2012 година може да се посочат како пример каде граѓанскиот активизам предизвика промени благодарение на заедничката платформа на тогашната опозицијата со граѓанското општество, смета Иван Стефановски (докторанд на Универзитетот Scuola Normale Superiore од Фиренца (Италија), кој говореше на денешната тркалезна маса на Правниот факултет „Јустинијан Први“ организирана во рамки на проектот насловен „Grassroots движења или мобилизација ‘од горе’?“.

-Мобилизацијата во Македонија не се одвиваше на секојдневна основа, но постоеше платформа креирана од опозициската политичка партија, со вклученост на повеќе од 70 граѓански организации и на многу индивидуи. Тоа создаде платформа за мобилизација, но исто така обезбеди ресурси кои ги немаа на располагање оние кои протестираа во другите земји и отвори простор за поголема интервенција од надвор. Исто така, важна е и улогата на меѓународната заедница која придонесе за успех на овие движења, рече Стефановски.

Тркалезната маса е дел од регионалниот проект „Алтернативни демократски практики: Премостување на движењата и институциите“, што го спроведува фондацијата Фридрих Еберт, чија цел е демократизација на политичките процеси во Југоисточна Европа каде недостига демократска традиција преку поширока инклузија на мислењата и прашањата што ги загрижуваат граѓаните во политичкиот процес и соочување на теоријата со праксата во тие општества

За Флоријан Бибер системот со особените форми на компетитивен авторитаризам кој го сведочиме во Западниот Балкан претставуваат посебен предизвик за граѓанскиот активизам и за напорите да се редемократизира кои се разликуват од конвенционалните авторитарни системи и движења во етаблираните демократии.

-Масивната социјална мобилизација, надворешната интервенција, градењето коалиции во Македонија минатата година покажаа дека регуларните избори не значат и демократски промени. Се покажа дека базичната претпоставка на демократијата дека со нормални избори може да се дојде до промена на власта не се оствари. Беше потребно повеќе, рече Бибер.

Според него, ова не се режими кои владеаат со страв, туку преку кризи кои продуцираат постојани изборни кампањи и несигурност, посочувајќи дека во Македонија од 2006 година не се одржале регуларни избори, а и исто и во Србија. Втор елемент е стабилитократија, каде режимите ја „купуват“ поддршката од меѓународната заедница, потоа високото ниво на политичка поларизација со која приврзуваат значаен дел од електоратот кон себе и секако „заробената држава“.

– Во услови на заробена држава активизмот оди тешко, бидејќи од другата страна секогаш ќе има критики дека сите крадат, сите ги вработуваат своите роднини, сите изнесуваат пари од државата, па тогаш што е различно. Една од главните алки што недостига во политиката се функционални политички партии, кои ќе го артикулираат интересот на граѓаните. Наместо тоа видовме дека политичките партии станаа агенции за вработување и бизнис интереси, се нарекуваат народни партии, социјалдемократски, либерални, но тоа е само пакување главно за да надворешните актери за да добијат пари или поддршка. Видовме дека ЕПП поддржуваа автократски режими во регионот, вели Бибер.

За него, главното прашање е како да се справиме со такви режими и како до успешен активизам кој ќе доведе до структурни промени на системот, односно како да се пренесе енергијата од активизмот во политичката реалност после тоа.

„заробена држава“ #Шарена револуција Бибер граќански активизам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.