Потпретседателот на Европската комисија, Франс Тимерманс, ќе биде кандидатот Социјалистите и демократите (S&D) на изборите за Европскиот парламент во мај следната година за европските избори што се одржуваат во мај 2019 година. Тој беше избран вчера, на конгресот на Партијата на европските социјалисти (PES) во Лисабон, за главен кандидат за претседател на Европската комисија на пратеничката група на Социјалистите и демократите.
Тимерманс остана единствен кандидат на социјалдемократите откако од кандидатурата во ноември се откажа словачкиот социјалдемократ и потпретседател на Европската комисија (ЕК) Марош Шефчович.
Тимерманс (57) е член на холандската Лабуристичка партија, а од 2012 до 2014 година беше министер за надворешни работи на Холандија.
Работата на Тимерманс во ЕК беше добро оценувана во целиот тек на мандатот, а тој изби на сцената откако влезе во конфликт со Унгарија, Полска и Романија, земји што ги кршат европските вредности. За овие земји, како и за нивните ретки поддржувачи во ЕУ, Тимерманс не го почитува суверенитетот на земјите. Но, за мнозинството тој ја брани демократијата. За претседателот на PES, Бугаринот Сергеј Станишев, Тимерманс е „водечки бранител на демократијата и владеењето на правото во Европската унија, познат како доследен првенец на еднаквост, праведност и родова рамноправност“.
Кандидат на Европската народна партија (ЕПП) за претседател на Европската комисија е германскиот конзервативец Манфред Вебер. Зелените ги кандидираа Ска Келер и Бас Ејкнут, а Европските конзервативци и реформисти, Јан Захрадил. Либералите влегуваат во изборите со друг концепт и именување на екипа од повеќе кандидати.




