НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Маракеш: Официјално одобрен Глобалниот договор за миграцијата

0
By Нова ТВ on December 10, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Глобалниот договор на ОН за миграција е официјално одобрен на денешната Меѓувладината конференција во Маракеш, Мароко,  кој потоа 164 земји ги усвоија со акламација.

Тоа беше врвот на едногодишната работа и преговори за документот кој американската влада го поддржа во времето на претседателот Барак Обама, а актуелната администрација на Доналд Трамп го отфрли.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш повика на „да не се предаваме на стравот или лажните информации” во врска со миграцијата. Говорејќи на отворањето на дебатата, тој ги негираше многуте лаги околу Договорот, и ги критикуваше националистите и поддржувачите на затворањето на границите. Гутереш ги повика државниците да „внесат живот“ на договорот.

Гутереш, на учесниците им порача дека нивното учество на Конференцијата ја покажува важноста која меѓународната заедница ја придава на потрагата по подобро управување со миграциите, преку пристап заснован на принципите на државна сувереност, споделување одговорност, недискриминација и човекови права.

Договорот има за цел да ја зајакне меѓународната соработка со цел „безбедна, редовна и законска” миграција. Договорот треба да биде одобрен од Генералното собрание на Обединетите нации на 19 декември.

Конференцијата во Маракеш се очекуваше да биде само формална фаза во процесот, но по критиките во сопствените држави, петнаесет земји објавија дека ја повлекле или замрзнале својата одлука за поддршка.

Речиси 160 од вкупно 193 земји-членки на ОН присуствуваат во Маракеш. Стотина се претставени на ниво на шефови на влади или држави, или на министерско ниво, меѓу кои и германската канцеларка Ангела Меркел и премиерите на Грција, Шпанија и Португалија. Македонија е исто така потписник на овој Договор и денес во Маракеш отпатува и македонска делегација на ниво на државен секретар.

Глобалниот пакт за миграција беше усвоен во Њујорк во јули, но само две третини од 190-те земји што го потврдија, сега имаат претставник во Маракеш.

Необврзувачкиот текст ги формулира принципите, како заштита на човековите права, правата на децата, признавање на националниот суверенитет, и набројува предлози за помагање на земјите кои се соочуваат со миграциите. Предлозите вклучуваат размена на информации и искуства, како и интеграција на мигрантите. Тој забранува произволни притворања, а апсење дозволува како последно средство.

Глобалниот договор дефинира 23 цели, кои ги покриваат сите аспекти на миграцијата. Секоја од нив содржи општа цел и листа на можни акции, изведени од најдобрите пракси кои државите можат да ги искористат за спроведување на националните миграциски приоритети. Но, со оглед на тоа дека Договорот не е обврзувачки, наброените мерки државите не се должни да ги имплементираат. Тексот е договорен резултат од меѓувладините преговори, а секоја држава е должна да ги одреди своите натамошни чекори.

Италија, Австрија, Бугарија, Унгарија, Полска, Чешка, Словачка, Естонија, Летонија, Швајцарија, Австралија, Израел и Доминиканската република одлучија да не испратат претставник во Маракеш. САД се повлекоа од подготвувањето на Договорот со аргумент дека тој содржи одредби кои се спротивни на имиграциската политика на Доналд Трамп.

И покрај овие одбивања за присуство во Маракеш, специјалниот претставник на ОН за миграција Луиз Арбор изрази увереност во иднината на текстот, кој ќе биде предмет на конечната резолуција на ОН на 19 декември во Њујорк.

Сепак, поборниците за човекови права сметаат дека Договорот е недоволен, особено за прашањето на пристап на мигрантите до хуманитарна помош и основни услуги, како и по прашањето за правата на работниците мигранти.

Противниците велат дека Договорот претставува предизвик за националниот суверенитет и изразуваат страв од голем прилив на мигранти.

 

Глобален договор за миграција Маракеш
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.