Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

УНИЦЕФ: Поголем број девојчиња не одат на училиште

0
By Нова ТВ on October 10, 2013 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, October 10, 2013 14:44

Изјава од претставникот на УНИЦЕФ д-р Бертран Демулен по повод Меѓународниот ден на девојчето 2013 година

„Денес е Меѓународниот ден на девојчето кој беше прогласен од страна на Обединетите нации за да укаже на важноста на правата на девојчињата, но и да ги нагласи особените предизвици и можните решенија за остварување на тие права. Оваа година на различни места низ целиот свет Обединетите нации го одбележуваат овој ден со осврт на иновации во образованието на девојчињата.

УНИЦЕФ како и партнерите на УНИЦЕФ се свесни дека девојчињата имаат потенцијал да остварат вистински промени, но сепак во светот 31 милион девојчиња на возраст за основно образование се уште не одат на училиште. Добрата вест за земјава е тоа што девојчињата се подеднакво застапени во основното образование како и момчињата. Најновите бројки велат дека 98% од момчињата и девојчињата посетуваат основно образование.

Сепак, кога зборуваме за средно образование, во некои заедници во земјата поголема е веројатноста девојчињата да не одат на училиште во споредба со момчињата, или во споредба со други девојчиња од различни заедници. На пример, девојчињата од руралните места (76 проценти) се помалку застапени во средното образование во споредба со девојчињата од градските средини (93 проценти). Само 35 проценти од девојчињата-Ромки и 70 проценти од девојчињата-Албанки посетуваат средно училиште, додека 96 проценти од девојчињата-Македонки посетуваат средно училиште. Бројките покажуваат дека девојчињата-Македонки се дури позастапени во средното образование во споредба со мочињата-Македонци (90 проценти).

Поради вкоренетите родови стереотипи во земјава, и понатаму на некои девојчиња не им е овозможено целосно да го завршат своето образование, како што и понатаму има жени кои наидуваат на пречки кога сакаат да земат учество на пазарот на трудот и во политичкиот живот. Иновирањето во областа на образованието може да ја промени таа состојба. Токму од таа причина родовата еднаквост е една од темите на натпреварот за социјални иновации кој е дел од иницијативата за одбележување на дваесеттата годишнина од зачленувањето на земјата во Организацијата на Обединетите нации. Претставништвата на агенциите на ОН во земјава заедно со Министерството за надворешни работи ги повикаа граѓаните да предложат идеи за вклучување на младите во борбата против родовите стереотипи во приватниот и јавниот живот. Иако резултатите од натпреварот за иновации ќе бидат објавени на 25 октомври, денес е денот за размислување како да се искористат иновациите за подобрување на животот на жените и девојчињата и да им се овозможи да ги реализираат своите потенцијали.

Образованието на девојчињата е најсилната можна развојна инвестиција. Тоа ја намалува сиромаштијата, неправичноста и дискриминацијата. Исто така, децата родени од образовани мајки се поздрави и имаат подобри изгледи за преживување. Кога на девојчињата ќе им се обезбеди образованието кое го заслужуваат, тие можат да придонесат кон благосостојбата во нивните заедници на чудесни начини.

УНИЦЕФ апелира сите да размислиме за тоа како дополнително можеме да придонесеме и со какви технолошки решенија може да се надминат родовите бариери кои ги попречуваат девојчињата да учат и постигнуваат. Од разни делови на светот има примери за ова како што се подобрување на превозот за да можат девојчињата да дојдат до училиштето; менторски програми во претпријатијата кои им помагаат на девојчињата да стекнат важни работни и лидерски вештини и да го олеснат нивниот премин од училиште на работно место, како и користење на мобилна технологија за подучување и учење со цел да се допре до девојчињата, особено во пооддалечените места.”

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.