НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија со поголема еднаквост на работните места од САД и Шведска

0
By Нова ТВ on December 13, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија, Босна и Херцеговина и Хрватска нудат поголема еднаквост на работното место од САД, Германија или Норвешка, покажува индексот за Еднаквост на работното место, изработен од Европскиот советот за надворешни односи (ЦФР).

Таа тинк-тенк организација рангираше 189 држави врз основа на неколку фактори за еднаквост на работното место, како што се обезбедување стимулации за жените да се приклучат на пазарот на труд, поддршка на жените во градењето кредитен рејтинг, ,ожноста жените можат да добијат иста работа како и мажите и присуство на заштита од насилство.

Резултатите, објавени вчера, се пресметуваат од одговорите на 60 прашања за правото и политиката, вклучувајќи ги: Може ли жените да работат исто онолку часови како и мажите?” Дали на мајките им се загарантирани еднакви позиции по породилното отсуство? Дали законот забранува дискриминација од страна на доверителите врз основа на брачниот статус и пристапот до кредит?

Максималниот резултат – со позитивен одговор на сите прашања – е 100, но ниту една земја не го постигна тој резултат.  Австралија, која ја предводи листата за еднаквост на работното место оствари 94,9 поени, додека Јемен е на дното, со 24,2 поени.

Македонија се наоѓа на 17. место со 86,6 поени. Од регионот, најдобро пласирана е Босна и Херцеговина со 92,2 поени (6 место), потоа Хрватска со 87,7 поени (15. место), а зад Македонија се Словенија на 33., Албанија на 38., Косово на 41., Бугарија на 47., Грција на 51. и Србија на 53. место.

Од најдобро рангираните, после Австралија следуваат Канада и Нов Зеланд, а САД се на 20 место, Шведска на 21, Белгија на 23. и Германија на 31 место.

ЦФР предупредува дека често постои разлика помеѓу законите и фактичката состојба во една земја. Сепак, индексот нуди важен одраз на законските права на жените. Тоа покажува дека американското право, на пример, ги поддржува жените што се однесува до пристап до институциите и градењето кредититен рејтинг, но не кога станува збор за еднакво родово вработување, запирање на насилството врз жените и кредибилитетот на жените во суд. Во Норвешка треба да се работи на заштита на жените од родово насилство, а постои целосен недостиг на закони и прописи кои го поддржуваат пристапот на жените до кредит.

еднаквост на работни места истражување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.