Управата за јавни приходи затвори 40 деловни објекти во Маврово, Дебар, село Јанче, Струга, Лабуниште, Радожда, Враниште и Скопје. Соптвениците добија парични казни, а објектите добија времена забрана за вршење дејност.
-И покрај постојаните апели од УЈП до даночните обврзници да издаваат фискални сметки и да го регистрираат прометот, како и јавните објави дека Управата зајавни приходи континуирано врши интензивни контроли на терен во делот на фискализацијата, некои даночните обврзници продолжуваат да го заобиколуваат законот велат од УЈП.
Контролите се во тек и ќе продолжат во наредниот период.