Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

По шест месеци телата на двајцата мигранти ќе бидат погребани утре

0
By Менче Атанасова Точи on December 13, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 13, 2018 16:56

Телата на двајцата мигранти кои шест месеци стојат во капелата во Бутел, ќе бидат погребани утре во 14 часот. Погребот го организира и сите трошоци ќе ги покрие Центарот за социјална работа на Скопје. Ваквата одлука е донесена веднаш откако обвинителката која го води случајот испратила допис со кој се потврдува дека телата се идентификувани дека може да се погребат.

„Дописот од ОЈО стигна пред два дена и ние веднаш го организиравме погребот. Телата ќе бидат погребани утре(петок) во 14 часот на гробиштата во Бутел, согласно со законските процедури и верските обичаи. Сите трошоци ќе ги покрие Центарот за социјална работа“, изјави за НОВА, Наташа Стојановска директорка на Центарот за социјална работа, која нагласи дека ова не е првпат тие да ги покриваат трошоците и да организираат погреби за мигранти кои починале на територија на нашата држава.

Од  Здружението Легис велат дека погребната молитва (џеназе намаз) на двајцата мигранти ќе се одржи на гробишта, при самиот погреб, не во џамија бидејќи телата се во фаза на распаѓање.

Како што објави НОВА, во септември повеќе од два месеца никој не знаеше каде се телата на загинатите момчиња кои го изгубија животот на 25 јуни кога товарно возило марка „ивеко“ во кое се превезувале мигрантите  удрило во ограда од мост при што уште 17 мигранти беа повредени, а возачот избега од местото на несреќата.

НОВА ги пронајде во капелата во АД Бутел, од каде што не дозволуваа да се погребат бидејќи, како што рекоа, „од таму никој не може да ги подигне бидејќи не се идентификувани“.

Починатите мигранти(едниот од Шри Ланка, другиот од Бангладеж) таму се чувани во фрижидери, но со секој ден стоење, сумата на фактурата е се поголема.

За тоа време институциите си ги префрлаа топките едни на други, а од Институтот за судска медицина тврдеа дека ОЈО, односно надлежниот обвнител требало да достави службена белешка за нивниот идентитет. Кога тоа не се случило во Судска ги завеле како НН, односно непознати лица.

Поминаа месеци додека не се расчисти целата оваа ситуација и се најде  пропустот. Затоа време случајот зема медиумски публицитет , а Македонија беше посочена како земја која ги прекршува човековите права.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.