НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Промоција на збирката раскази „Не одам никаде“ од Румена Бужаровска

0
By Нова ТВ on December 14, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Вечерва, во 20.30 часот во киното „Фросина“ во МКЦ во Скопје ќе се одржи промоцијата на новата книга од Румена Бужаровска, збирката раскази „Не одам никаде“.

По успехот со третата збирка раскази „Мојот маж“, која беше преведена на неколку јазици и имаше завидна балканска промоција, ова е четвртата книга со раскази на авторката, или вкупно 166-иот наслов во популарната едиција ПРОаЗА на издавачката куќа ИЛИ-ИЛИ, чии промотори ќе бидат Ирена Цветковиќ и Магдалена Хорват, по што ќе следи дружба со музиката на ди-џеј Ненад Тонкин.

Најновото прозно дело, збирката раскази „Не одам никаде“ од Румена Бужаровска е своевидно продолжување и надоградување на веќе препознатливиот содржински и стилски раскажувачки манир на оваа современа македонска писателка. Оваа книга, составена од седум раскази, на извноредно прецизен и прониклив начин претставува остар и реалистичен, но истовремено суптилен и често трогателен приказ на современата македонска реалност. Имено, преку мајсторското прикажување на многу комплексни меѓучовечки односи – семејни, пријателски и професионални – авторката гради слика на македонското совремие, истовремено прикажувајќи како општеството со своите наметнати патријархални, но и политички и социо-економски матрици, се отсликува во најинтимните јадра на човековите релации. Заебележително е што во овие раскази преовладува темата на економската миграција и растурените меѓучовечки односи што таа ја предизвикува, како и комплексот на инфериорност кон западниот свет.

Во ова дело на Бужаровска гледаме продолжување на северно-американската традиција на раскажување, на автори како Елис Манро (со кого неслучајно Бужаровска ја спореди критичарот Теофил Панчиќ), но присутна е и минималистичката, хипер-реалистична традиција на раскажување на Рејмонд Карвер, како и насилно-епифаниската нишка присутна кај Фланери О’Конор. Сепак, Бужаровска гради изразито сопствен, сликовит, реалистичен, но и хумористичен стил што ќе остане забележан во македонската раскажувачка традиција, во која оваа авторка веќе го остави својот печат.

Румена Бужаровска (1981, Скопје) е авторка на збирките раскази Чкртки (2007), Осмица (2010) и Мојот маж (2014), книгичката мали фикции Спиј (2017), како и студија за хуморот во книжевноста За смешното: теориите на хуморот низ призмата на расказот (2012). Се занимава со книжевен превод од англиски на македонски (Луис Керол, Џ.М. Куци, Труман Капоти, Ричард Гвин, Чарлс Буковски). Во 2016 година беше избрана за еден од најинтересните писатели во Европа (Ten New Voices of Europe) во рамките на платформата Literary Europe Live. Добитничка е на хрватската регионална награда за кратка проза „Едо Будиша“. Во 2018 година беше стипендистка на Меѓународната програма за писатели при Универзитетот во Ајова. Таа е една од организаторките и иницијаторките на ПичПрич – платформа за раскажување женски приказни. Предава американска книжевност на Филолошкиот факултет во Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025

Третина од Германците се плашат дека ќе ја изгубат работата поради вештачката интелигенција

August 23, 2025

Данска ќе дозволи користење вештачката интелигенција на матурските испити

August 22, 2025

Британски научници создадоа сензор од дијамант за откривање метастази

August 22, 2025
ФОКУС

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

ВЕСТИ August 24, 2025

Германскиот весникк „Велт ам Зонтаг“ (Welt am Sonntag) повикувајќи се на неименувани европски дипломати објави…

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

August 18, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.