Фејсбук соопшти дека софтверски баг открил слики на речиси 6,8 милиони корисници, вклучително и слики кои тие не ги објавиле.
Соопштението доаѓа ден по одржаниот настан за искуствата со приватноста наречен „Тоа е твој Фејсбук“ во Њујорк.
Се вели дека неколку апликации имале пристап до „поширок сет на слики од вообичаено“ 12 денови во септември.
Компанијата вели дека ќе ги извести погодените корисници.
Ова е последното од серијата на протекување на информации од социјалната мрежа.
– Кога некој дава согласност за апликација да има пристап до неговите слики на Фејсбук, ние обично ги даваме на апликацијата само сликите кои тој ги има објавено на својот тајмлајн. Во овој случај, багот потенцијално дал на програмерите пристап и до останати фотографии – велат од компанијата.
Се вели дека дури 1,500 апликации биле погодени од овој „дефект“.




