Владата повторно ќе се задолжува- во вторник, на 15. октомври со две аукции на државни записи и една аукција на државна обврзница, ќе се задолжи скоро 63 милиони евра од домашните кредитори.
Од оваа сума, 60,6 милиони евра ќе треба да се обезбедат преку продажба на краткорочни хартии од вредност за кои се нуди камата од 3,15 % односно 3,60%, во зависност од валутната клаузула. Обврзницата, со рок на доспевање од 5 години ќе се понуди со купонска камата од 4,60%.
Последното задолжување беше на 1 октомври, кога државата планираше 77 милиони евра а потоа сумата се промени во скоро 115 милиони евра, со што долгот се зголеми за повеќе од 40 милиони евра.