Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Харадинај во Брисел: Косово е измамено и разочарано од ЕУ, заборавете на промена на границата

0
By Нова ТВ on December 17, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 17, 2018 18:45

Канцеларијата за односи со јавност на Владата на Косово го објави попладнево интегралното обраќање на премиерот Рамуш Харадинај на состанокот на Комитето за Стабилизација и асоцијација (ССА), во кое тој го критикува Брисел за „небрежност“ и „нејаснотии во однос на европската перспектива на Косово“, јави дописникот на МИА од Приштина.

И покрај таквиот однос, изјави Харадинај на состанокот на ССА во Брисел, „Република Косово останува цврсто решена за зачленување во ЕУ како нејзин највисок приоритет, и продолжува непрекинато да работи за целосно исполнување на ССА и за почитување на заедничкиот договор“.

– Тука сум како премиер на една суверена држава. Јас го претставувам мојот народ кој страдаше поради неговата верба во слобода, а продолжува да страда и денес, истакна Харадинај, изразувајќи „длабоко уверување дека нема земја во Европа која е повеќе посветена на идеалите на Европската Унија од Косово“.

Според косовскиот премиер, „Косово е динамично општество, кое има уште подинамична младина“, која постигнува завидни резултати, и покрај ограничувањата што ги има поради визните бариери.

– Тие не можат да патуваат слободно и не можат да бидат рамноправни учесници во заедницата на слободни нации. Наспроти тој несреќен факт, тие ги кршат бариерите, иако ограничени со визи, постигнувајќи резултати на светско ниво во спортот, музиката, образованието, иновациите. А сите тие успеси многу лесно можеа да бида успеси на Европа, порача Харадинај.

Тој нагласи дека, „иако Косово ги исполни сите 95 критериуми кои му беа зададени, како што беше потврдено и од Европската комисија во мај“, одогворот што го добива од ЕУ е „половичен и безнадежен“.

– Косово се чувствува измамено и разочарано од ЕУ. Нашите граѓани се ставаат во искушенија кои се над тоа што е оправдано и правично. Времето не е наш сојузник. Треба да видиме конкретен прогрес, се посочува во обраќањето на Харадинај.

Косовскиот премиер нагласува дека Владата и тој лично никогаш не го довеле во прашање значењето на дијалогот со Србија.

Меѓутоа, смета тој, во овој процес, со отворањето на прашањето на промената на границите меѓу двете земји, „сериозно е нарушен кредибилитетот на посредникот“ во преговорите, односно на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини, која тој, сепак, не ја именува.

– Ова е единствениот пат напред за Косово и Србија, за да станеме рамноправни членки на европското семејство. Сепак, 20 години по војната, 10 години по независноста и пет години по Бриселскиот договор, реалноста е дека напредокот кон нормализирањето на односите меѓу Косово и Србија е минимален и фактички сега е сосема излезен од колосек, нарочито со јавната дебата за злокобната идеја за корекција на границата и рзмена на територии. Сериозно е нарушен кредибилитетот на посредникот и е нанаесена штета на постигнувањата кои ги имавме во дијалогот посредуван од ЕУ во изминатите седум години, оцени Харадинај.

Косовскиот премиер порачува дека „никој во името на Косово не смее да зборува за проимена на границата“.

– Јас како премиер и Владата на Косово силно се спротивставуваме и ја отфрламе таа идеја, која ќе донесе само војни и нови трагедии на Балканот. Секој кој што зборува за границите, за територијата, или било каква корекција за мојата земја, е мој непријател. Како премиер, стојам тука пред вас за да ве соочам со вистината, со реалноста и ориентацијата на мојата земја, не со она што сакате да го слушнете, или за што сте информирани од некој друг. Реалноста е дека ние сме суверена, демократска и мултиетничка држава и врз основа на оваа неспорна вистина ние сакаме да постигнеме конечен договор со Србија, се наведува во обраќањето на Харадинај на седницата на Советот на Спогодбата за асоцијација и стабилизација што денеска се одржа во Брисел.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.