НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема амнестија за организаторите, тепачите и вооружените на 27 април

0
By Нова ТВ on December 18, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Интерпартиската парламентарна група за реформи, интеграција и помирување постигна согласност по Предлог-законот за амнестија за случувањата на 27 април. Согласно Предлогот, амнестијата не ги опфаќа организаторите и подготвувачите на настанот, лицата кои извршиле физичко насилство, кои носеле оружје и експлозивни направи, како и службените лица кои ги пречекориле службените овластувања. Од амнестија ќе бидат изземени и лицата кои се обвинети за здружување заради непријателска дејност согласно чл. 324 од КЗ.

Сите обвинети за насилствата во македонското Собрание од 27 април имаат право во рок од пет дена по донесувањето на законот да поднесат индивидуални барања за амнестија, а судот ќе донесе решение по мислење на ЈО, а врз основа на докази со кои располага.

-Ние се движевме во рамки на тоа што не може да биде опфатено со законот за амнестија. Тоа ни беше појдовна основа. Целта на дебатата по овој Пределог-закон не се однесуваше на номинирање конкретни кривични дела, не се водевме персонално кон никого, туку дававме опис на дела – дејствија за кои лицата не можат да бидат амнестирани, рече копретседавачот со Интерпартиската група Фросина Ташевска Ременски.

Предлог-законот и одредбата која ги исклучува дејствијата што не влегуваат во амнестијата, рече таа, остануваат на оценка на Јавното обвинителство и судот, бидејќи, како што потенцира, групата се водела од принципот на немешање во работата на Јавното обвинителство и на судот.

Ташевска Ременски потенцира дека секој обвинет индивидуално ќе може да поднесе барање до надлежниот обвинител и суд, а оти судот ќе донесе решение по претходно мислење на Јавното обвинителство кое ќе го темели врз основа на докази со кои располага.

-Не се обидуваме и не сакаме да вршиме какво било ограничување на правото на обвинителството и судот да ценат врз основа на тоа со какви докази располага за лицата кои ќе поднесат индивидуално барање, рече Ташевска Ременски.

Таа не сакаше да коментира како ќе бидат квалификувани делата на пратениците кои ги отворија вратите од Собранието на 27 април. Тоа, потенцира Ташевска Ременски, ќе го цени Јавното обвинителство и судот.

Пратеничката Емилија Александрова, која исто така е копретседавач со Интерпарламентарната група, изрази уверување дека судот и обвинителството ќе донесат одлука во врска со амнестијата по секое едно индивидуално барање врз основа на доказите што ги имаат за лицето кое го поднело барањето. Таа не можеше да одговори дали пратениците кои се дел од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, а се обвинети за 27 април, ќе поднесат барање за амнестија. Тоа, рече Александрова, е нивно лично право.

Се очекува многу скоро Предлог-законот по кој Интерпартиската парламентарна група постигна согласност да влезе во собраниска процедура, а пратеничката Александрова не ја исклучи можноста тоа да се случи и во текот на денешниот ден.

Во работата на Интерпартиската парламентарна група за реформи, интеграција и помирување не учествуваа пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Закон за амнестија Тело за помирување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.