Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во „Аџибадем Систина“ во Скопје, спасени животот на бебето и на трудница со тумор на срцето

0
By Нова ТВ on December 19, 2018 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 19, 2018 13:05

Кардиохируршкиот, гинеколошкиот и педијатрискиот тим од Клиничката болница „Аџибадем Систина” изведоа две операции, една по друга, на трудница во деветтиот месец од бременоста. По извршениот царски рез, при што бебето беше безбедно породено, на 34-годишната скопјанка ѝ е изваден тумор од срцето. Ова е уште една во низата успешни исклучително комплицирани оперативни интервенции во последниве месеци, коишто ја сместуваат „Аџибадем Систина” не само во врвот на националниот здравствен систем туку и меѓу топ клиничките болници глобално. Бебето и мајката се во добра здравствена состојба и денеска заминуваат дома.

На пациентката туморот ѝ е дијагностициран пред неколку денови, при рутински преглед, кога се пожалила дека има тешкотии во дишењето. Интервенцијата помина успешно и мајката и бебето сега се во добра општа здравствена состојба. Ова е редок случај кога истовремено се изведуваат две операции  кои се сметаат за многу сериозни интервенции, а „Аџибадем Систина” е единствената болница во регионот што можеше да одговори на овој предизвик.

д-р Александар Николиќ

„Откако се пожали на тегоби во дишењето, кај пациентката воочивме дека има синдром на горна шуплива вена, со благ оток на вените на вратот и на

д-р Гордана Петровска

лицето. Направивме ултразвук кој откри огромна туморска маса буквално на целата десна преткомора, којашто  правеше опструкција на излезот на крв од десната преткомора кон десната комора. Итно интервениравме затоа што трудницата беше во последниот месец од бременоста. По направениот царски рез, се премина на нова операција во која беше изваден туморот од срцето. Сложениот зафат траеше шест часа, а ваква операција, во која веднаш по царскиот рез се врши и нова тешка интервенција, е вистинска реткост, со што уште еднаш докажавме дека сме најдобриот тим во регионот”, вели проф. д-р Александар Николиќ, шефот на Кардиохируршкиот оддел во „Аџибадем Систина“.

Д-р Гордана Петровска, шеф на Одделот на гинекологија и акушерство во болницата, нагласува дека поради сложеноста на состојбата и можноста од компликации, на пациентката веднаш ѝ било направено предвремено породување, а потоа и интервенција за отстранување на туморот. „Гинеколошкиот тим прво  го заврши породувањето, за бебето да не биде под анестетик за време на операцијата на срцето. Бебето сега е здраво и во одлична состојба и нема потреба од дополнителна терапија. Доколку ова не се направеше, последиците можеа да бидат фатални. Можеше да се случи мајката и бебето да немаат доволно кислород за време на породувањето или при напор од мајката – да се откачи дел од туморот и да не преживеат!”, вели д-р Петровска.

Тумор на срцева преткомора е многу ретка болест. Во тимот од „Аџибадем Систина” велат дека се гордеат што на ваков начин се спасени животите и на младата мајка и на нејзиното дете.

*Маркетинг текст

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.