Обвинителката Вилма Рускоска рече дека нема да има преквалификација на делото за настаните од 27 април. Таа не е задоволна од Законот за амнестија, но ќе го спроведува.
„Преквалификација на делото нема да има за тие лица кои не се опфатени со амнестијата, затоа што не важи амнестијата за целото кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“, рече Рускоска.
Според Законот, организаторите и нарачателите нема да бидат опфатени со амнестијата, како и оние лица кои влегле со фантомки на лицата во Собранието и извршиле физичко насилство, носеле оружје како и службените лица кои ги пречекорите службените овластувања.
„Ако за некој се утврди од сега обвинетите се утврди дека бил и организатор, тој ќе одговора и за кривичното дело Здружување заради непријателска дејност, а ќе му остане и кривичното дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ објасни Рускоска.
Откако Законот ќе биде објавен во Службен весник, обвинетите ќе имаат рок од 5 дена да поднесат барање за амнестија. За секое барање ќе се одлучува поединечно, а одлуката за тоа кој ќе биде амнестиран ќе ја донесе Судот по претходно мислење на обвинителот.
Рускоска вели дека ова е подобро решение од тоа да се формираше комисија во Собранието и таму да се одлучуваше за кого да важи амнестијата, затоа што обвинителот и Судот најдобро го знаат предметот.
„Не можам да речам дека никој нема да амнестирам, затоа што нема да го почитувам Законот и ќе сторам кривично дело“, кажа Рускоска.
За одредени делови од Законот кои не се прецизирани, Рускоска најави консултации со Јвниот обвинител и со други обвинители.
Судскиот процес за 27 април ќе продолжи утре кога се оечкува да заврши изведувањето на дополнителните докази од страна на обвинетите. Судијката Кацрска го прекина денешното рочиште за обвинетиот Митко Чавков и неговиот адвокат Сашо Дукоски да ги средат дополнителнителниот доказен материјал од неколку стотина страници кои ги бараа и им беа доставени од МВР.
Кацарска најави дека наскоро ќе следува и изнесување на завршни зборови.
Обвинетите Игор Југ и Јане Ченто рекоа дека нема да поднесат барање за амнестија затоа што Судот, а не политичките елити имаат легитимет да носат пресуди.