Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Харадинај: Со Могерини како посредник, ЕУ не е неутрална во преговорите меѓу Косово и Србија

0
By Нова ТВ on December 20, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, December 20, 2018 18:31

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај одговори денеска на вчерашното писмо од Брисел, обвинувајќи ја експлицитно високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини дека, како посредник во преговорите меѓу Косово и Србија, со нејзината едностраност, го попречува постигнувањето договор за нормализација на односите меѓу двете земји, јави дописникот на МИА од Приштина.

Харадинај, во писмото што го објави порталот „Газета Експрес“, а кое е адресирано до потписниците на вчерашното писмо од ЕУ – Могерини, комесарката за трговија Сесилија Малстром и комесарот за проширување Јоханес Хан – на шефицата на дипломатијата на ЕУ и порачува дека за Приштина е „длабоко навредливо“ тоа што однесувањето на Србија кон Косово од нејзина страна е оквалификувано како „трговска провокација во рамките на ЦЕФТА“.

– Ние сакаме да имаме што потесни односи со Европската унија. Сепак, под твое раководство, ЕУ престана да биде неутрална во своите договори со Косово и Србија. Однесувањата на Србија наспроти Косово, вклучително постојаното одбивање да се спроведат техничките договори од Брисел, не е само ингорирање на Косово, туку Србија се стекна и со финансиска поддршка, како и со отворање на нови поглавја, ѝ пишува Харадинај на Могерини.

Косовскиот премиер напоменува дека неговата Влада „постојано рабти на создавање стабилни односи со косовските Срби, како и со другите малцинства“ и дека „тие напори почнаа да даваат резултати“.

– Вашата изјава во однос на границите, комбинирана со вашиот студен однос кон големите штети што му се предизвикуваат на нашето општество од делувањето на Србија, го намалија прогресот и доведоа директно до губење на моментумот во процесот на дијалогот. Категоризацијата на дејствијата на Србија од ваша страна како „трговска провокација во рамките на ЦЕФТА“ е длабоко навредлива: вие знаете колку е Србија груба во нејзините напади врз нашата држава, врз нашите институции и врз добросостојбата на нашите граѓани, пишува Харадинај.

Тој порача дека, „наспроти сите овие проблеми“, Приштина продолжува „безрезервно да го поддржува дијалогот со Србија“, за што како потврда ја посочува одлуката на Собранието да формира преговарачки тим.

– Како што знаете, презедовме силни мерки во последно време за да го зајакнеме и поддржиме дијалогот, согласно уставните надлежности на нашите институции. Нашето Собрание докажа дека сме обединети во намерата да отвориме ново поглавје во овој процес, напиша Харадинај.

Косовскиот премиер го затвора писмото со порака дека одлуката на Валадата за таксата од 100 отсто на производи од Србија останува непроменета, односно дека таа, како што има порано нагласено, ќе се укине откако Белград ќе престане со деструктивниот однос кон Република Косово и кога ќе ја признае нејзината независност.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.