Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Медиуми: Матис си оди поради повлекување на војската и од Авганистан

0
By Нова ТВ on December 21, 2018 ВЕСТИ
Фото: ДВ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, December 21, 2018 13:31

Намерата на американскиот претседател Доналд Трамп за повлекување на поголем дел од силите на САД од Авганистан, е причина за најавената оставка на секретарот за одбрана Џејмс Матис, тврдат американските медиуми.

Според висок претставник на американската Администрација, кој побарал анонимност, Трамп донел одлука за „значително повлекување“ на силите на САД од Авганистан.

Истиот извор тврди дека ваквата одлука Трамп ја донел во вторникот, кога го најави и повлекувањето на американските сили од Сирија, со што не се согласува Матис, кој затоа и решил да се повлече од функцијата.

„Вол стрит Џурнал“ наведува дека, според одлуката на Трамп, се предвидува повлекување на 7.000 од вкупно 14-те илјади американски војници од Авганистан, кои се дел од Мисијата на НАТО за поддршка на авганистанските безбедносни сили во борбата против талибанските бунтовници и припадниците на џихадистичката група Исламска држава (ИД).

Одлуката за преполовување на бројот на американските војници во Авганистан, доаѓа во време кога САД се обидуваат да постигнат мировен договор со талибанците.

Според аналитичарите, повлекувањето на американските сили од Сирија и Авганистан би можело да има сериозни геополитички последици во двата региони.

Под влијание на Матис и други влијателни воени советници, Трамп лани неволно се согласи на испраќање дополнителни неколку илјади американски војници во Авганистан, откако талибанците почнаа да постигнуваат успеси на бојното поле и да ги потиснуваат авганистанските сили.

Трамп синоќа на Твитер објави дека Матис ќе замине од функцијата секретар за одбрана кон крајот на февруари, најавувајќи дека наскоро ќе именува негов наследник.

Матис во своето писмо во кое ја најавува оставката наведува дека се повлекува со цел Трамп да може да добие секретар за одбрана, чии ставови ќе му бидат поблиски.

– Бидејќи имате право на секретар за одбрана, чии ставови подобро ќе се согласуваат со вашите за ова или она тема, сметам дека е правилно јас да се повлечам од функцијата, наведува Матис во писмото до Трамп.

Матис во писмото додава и дека сојузниците на САД „ги третирал со почит“ и оти ги користел средствата на американската моќ да обезбеди заедничка одбрана.

Францускиот весник „Паризиен“ оценува дека повлекувањето на Матис, поради несогласувања со новата воена стратегија на САД, има поголема тежина од сите други оставки на членови на Администрацијата на Трамп.

Весникот посочува дека Матис и преходно имал несогласувања со Трамп, особено во врска со односот кон американските сојузници и неопходноста за поголема внимателност со „злонамерните држави и стртешки конкуренти“, како Русија и Кина, кои „сакаат да го креираат светот според сопствените авторитарни модели“.

Во осврт на оставката на Матис, „Њујорк Тајмс“ оценува дека Трамп за време на 23-месечното управување со државата се обидел да се ослободи од сите кои „го ограничуваат неговиот нестандарден лидерски стил“.

Според весникот, со оставката на Матис, Трамп станува „претседател без ограничувања – варијанта, која сериозно вознемирува дури и некои републиканци“.

– Одлуката на Трамп за повлекување на околу 7.000 војници од Авганистан предизвикува стравувања во Азиско-пацифичкиот регион дека САД се откажуваат од својата лидерска позиција во сојузите градени изминативе децении, кои беа од витално значење за стабилноста и мирот по Втората светска војна, додава „Њујорк Тајмс“.

Авганистан Матис оставка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026
shortcut
ФОКУС
May 24, 2026

Њујорк Тајмс: САД и Иран постигнаа договор – конечната одлука треба да ја соопштат Трамп и иранскиот врховен лидер

ВЕСТИ May 24, 2026

Соединетите Американски Држави и Иран постигнале договор во принцип за ставање крај на конфликтот на…

Охрид: Македонија го одбележува Денот на сесловенските просветители

May 24, 2026

Белград: 100.000 граѓани на Славија – полицијата се пресметуваше со демонстрантите

May 24, 2026

Прес конференција на Претседателот на СДСМ Венко Филипче – да не се испушти ЕУ шансата

May 21, 2026
ТИКЕР

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026

Брнабиќ: Правилата на играта за влез во ЕУ се променети, тоа не е фер кон Србија

May 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.