Обвинетиот Александар Василевски Нинџа поднесе барање за амнестија, потврди за НОВА неговиот адвокат Звонко Давидовиќ.
Во барањето за амнестија, Нинџа навел дека треба да биде опфатен со амнестијата затоа што не бил организатор на упадот во Собранието, не носел качулка на глава и не носел оружје.
Судечкиот совет, по претходно прибавено мислење од обвинителството ќе треба во рок од 5 дена да одлучи дали ќе го прифати барањето на Нинџа да биде амнестиран.
Освен Нинџа, барање за амнестија поднесоа и пратеникот Крсто Мукоски обвинетите Никола Митревски Кољо, Оливер Радулов, Младен Додевски. Јане Ченто и Игор Југ, пак, кажаа дека нема да бараат амнестија.Согласно Законот, амнестијата нема да ги опфати организаторите, лицата кои извршиле физичко насилство, кои носеле оружје, како и службените лица кои ги пречекорите службените овластувања.
Обвинетиот Александар Василевски пред Судот сведочеше дека на 27 април бил во штабот на ВМРО ДПМНЕ каде било собрано најтесното раководство на партијата. Тој кажа дека во салата за состаноци на 8 спрат биле присутни поранешниот заменик министер за правда Бришковска, поранешните министри Спиро Ристоски, Миле Јанакиевски, Кирил Божиновски, Митко Чавков кој тогаш е директор на БЈБ и Владимир Атансасовски – екс директор на УБК.
Обвинителката Вилма Рускоска во интервју за емисијата 360 кажа дека поголем дел од наводите на Нинџа се веќе проверени и најави дека наскоро ќе излезе со наредба за нова истрага.