Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кои вести во 2018 го направија светот подобро место за живеење

0
By Нова ТВ on December 26, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, December 26, 2018 10:01

Годината која изминува беше многу драматична, полна со тешки катастрофи , некои природни, некои предизвикани од луѓето. Сепак не треба да се заборави дека се случија и некои многу важни, позитивни работи.

1.Првпат во историјата е намален број на сиромашните

Во септември Институтот Брукингс соопшти дека по првпат, откако се води евиденција, повеќе од половина од светската популација не се сиромашни, туку се припадници на средната класа или богати. Под поимот припадник на средна класа главно се подразбираат оние кои можат да си дозволат патување, кино, театар, кои можат да си купат автомобил…

Процентот на луѓе кои живеат под границата на сиромаштија падна од 36 отсто во 1990 година на околу девет отсто годинава, пренесува „Блиц“.

2.Се обновува озонската обвивка

Според најновата проценка за состојбата на озонската обвивка, горниот слој над северната хемисфера веројатно ќе биде целосно обновен до 2030 година, а целиот слој до 2060 година, вели ОН. Експертите сметаат дека тоа е исклучителен пресврт, кој покажува што сè е можно кога ќе се преземе глобална акција, пишува „Позитив Њуз“.

3. Горилите веќе не се критично загрозени

Планинските горила отстранети се од листата на најзагрозени видови. Последните податоци покажуваат дека нивниот број се зголемил од 620, колку што имаше во 1989 година, на околу илјада денес. Во 90-тите години, организациите на заштита на дивите животни почнаа големи акции  што вродија со плод. Горилите беа на работ на измумирање, најмногу поради ловократците.

4. Херат исчисен од мини

Авганистанскиот регион Херат годинава конечно е целосно исчистен од мини, од кои голем број се поставени уште во 80-тите години од минатиот век. Години подоцна луѓето ги губеа животите,  нагазувајќи на нив. Но една британска група деминери, по една деценија работа, конечно регионот го направи чист од мини.

5.Намален борјот на самоубиства

Според „Економист“,глобалната стапка на самоубиства паднала за 38 отсто во однос на 1994 година, која важеше за година со рекордно многу самоубиства. Меѓутоа постојат и исклучоци како САД, каде стапката на самоубиства и натаму е во пораст.

6.ЕУ ги спасува пчелите

Во април ЕУ се согласи да забрани група инсектициди кои се поврзани со драматичното намалување на бројот на пчели. Експерти од 28 држави се договорија да ја забранат уптребата на три отровни неоникотиноиди, шест години откако Европската агенција за безбедност на храната заклучи дека тие хемикалии се штетни за пчелите.

7. Индија ја декриминализираше хомосексуалноста

Врховниот суд во Индија ја укина забраната на сексуални односи меѓу луѓе со ист пол. Тој закон постоеше уште од времето на колонијализмот. Геј сексот повторно стана кривично дело во Индија во 2013 година. Но Врховниот суд гласаше за смена на овој закон во септември, носејќи одлука дека хомосексуален сексуален чин „меѓу полнолетни возрасни лица“ не е злосторство.

8. Забранет комерцијален риболов на Арктикот

Меѓународен договор забрани комерцијален риболов на Арктикот. Со оглед на тоа дека топењето на мразот создава нов потенцијал за експлоатација на Арктикот, забраната потпишана во октомври има за цел да го заштити поголемиот дел од кревкиот еко систем. Комерцијален риболов ќе биде забранет на значителен простор на Арктикот, согласно договорот потпишан во Гренланд. 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.