Во млекото за бебиња на најголемите светски производители пронајдени се траги од алуминиум чии вредности се повеќекратно поголеми од дозволените, се вели во анализи извршени во Велика Британија.
Најмногу алуминиум е пронајден во млекото на база на соја, објавија лондонски медиуми.
Во анализата е потврдено дека млекото од соја за бебиња содржи и до 100 пати повеќе алуминиум од мајчиното млеко што може да предизвика здравствени проблеми во подоцнежниот развој.
Во Велика Британија е пропишано нивото на алуминиум во водата да не смее да биде повеќе од 200 микрограми по литар.
Според истражувања, објавени во списанието БМЦ Педиатрикс, алуминиумот се поврзува со неуролошки болести, проблеми со коските и деменција.
Експерти ги повикаа производителите да го намалат нивото на алуминиум кој завршува во млекото за бебиња.
Алуминиумот во човечкото тело може да предизвика и анемија.