Published: Tuesday, January 1, 2019 17:30
Четири лица се повредени во расистички напад во германскиот град Ботроп.
За нападот е уапсен 50 годишен маж. Тој со својот автомобил намерно удрил во група луѓе во која имало Сиријци и Авганистанци. Еден од повредените е задржан во болница на лекување.
Германската полиција соопшти дека мажот удрил во пешаците неколку минути по Новата година. Кога бил уапсен возачот имал негативни и расистички коментари на сметка на странците.
Полицијата додаде дека напаѓачот бил психички пореметен.




