Домаќинствата во Европската унија во 2017 година потрошиле 1,6 проценти од вкупниот буџет на алкохол, објави денеска Евростат.
На алкохол вкупно се потрошиле 130 милијарди евра, што е 0,9 проценти од БДП на Унијата или повеќе од 300 евра по глава на жител.
Најголем удел во потрошувачката на алкохол имаат трите балтички држави – Естонија со 5,2 отсто, Летонија со 4,9 и Литванија со 4проценти. Следуваат Полска со 3,5 проценти од вкупните трошоци на ниво на ЕУ, Чешка со 3,3 проценти, Унгарија со 3 и Финска со 2,8 проценти.
Од друга страна најмалку за алкохол потрошиле во Шпанија само 0,8, отсто, Грција и Италија. По нив се Германија, Австрија и Португалија со 1,4 проценти.
Од 2007 до 2017 година потрошувачката на алкохол пораснала во Романија од 2,3 проценти на 2,7 додека во Бугарија е намалена од 3 на 1,7 проценти.




