Поради низа известувања што во последно време се објавуваат во медиумите во врска со постапката за виза за Германија, германската Амбасада во Скопје соопштува:
„Информациите за нов закон, кој треба да стапи во сила од 01.01.2019 г. и кој на граѓаните од земјите што не се членки на ЕУ ќе им овозможи престој до 6 месеци без работен договор и без работна дозвола во Германија, не се точни. Ве молиме да се информирате на веб страницата на германската амбасада за предусловите и времето на чекање за доделување на работни визи“ пишува во соопштението од германската Амбасада во Скопје.
Повеќе портали денеска објавија вест дека од годинава „странските квалификувани работници полесно ќе се вработуваат во Германија и дека еден македонски работник ќе може да добие право на шест месечен престој и дека за тоа време ќе може да бара работа“ што го демантираа од германската Амбасада.