НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Прв супермаркет со македонски производи во Дубаи

0
By Нова ТВ on October 16, 2013 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

EuroBalkan Shop – првиот супермаркет со македонски производи на Блискиот Исток се отвори минатиот викенд во Дубаи.

Минатиот викенд во Дубаи се отвори супермаркетот EuroBalkan Shop, кој во својата понуда вклучува многу македонски производи и брендови. Ова е имено и прв ваков супермаркет на Блискиот Исток. Со неговото отворање, нашите кои живеат во ОАЕ сега имаат можност да вкусат македонска храна во секој момент, а македонските производители пак добиваат можност за извоз и пласирање на производите на нов пазар со голем потенцијал.

Ајварот, малиџаното и џемот од кајсија на ДИЕМ, ред производи на ВИПРО, познатите корнишони на Македонија, пиперчињата со капер на АГРОНОВА се само дел од македонските производи и брендови кои од минатиот викенд се продаваат во Дубаи, во новоотворениот EuroBalkan Shop. Сите овие македонски производи и брендови се појавуваат за првпат на пазарот на Блискиот Исток благодарејќи на EuroBalkan Shop.

„Долго време се подготвувавме и вложивме многу труд, но конечно успеавме да донесеме на пазарот во ОАЕ некои од главните македонски производи. Нашата дијаспора во Емиратите во последните неколку години е зголемена, а со тоа и потребата за вкусот на нашето поднебје. Овој супермаркет ќе одговори токму на овие потреби на нашите овде. Од друга страна пак, со овој потег им отвараме можност и на нашите производители од Македонија за извоз и пласирање на своите производи на уште еден голем пазар како што се Блискиот Исток и Северна Африка. Ние не планираме тука да застанеме. Ќе се обидеме да ја зголемите разновидноста на нашите брендови во EuroBalkan Shop и ќе се обидеме да го запознаеме овој пазар со квалитетот на нашата домашна храна“ – изјави Жарко Ацковиќ, еден од сопствениците на EuroBalkan Shop во Дубаи.

„Во оваа прилика би сакал и да им се заблагодарам на ЈСП Актуел од Скопје за нивната поддршка, координацијата и реализацијата на овој проект – додаде Слободан Маролов, еден од сопствениците на EuroBalkan Shop.

На отварањето можеа да се забележат голем број задоволни купувачи дојдени да го поздрават отварањето на ваков маркет во Дубаи, а некои од нив беа дојдени да пазарат дури и од соседните земји. „Заради вкусот на нашите производи дојдов дури од Доха. Ова е право освежување за сите нас на Блискиот Исток“ – изјави Иван Ѓорѓиевиќ, инженер кој живее и работи во Катар.

На полиците на EuroBalkan Shop можат да се најдат и производи од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија.

Отварањето на EuroBalkan Shop не само што ги привлече нашите луѓе кои живеат во Емиратите, туку привлече и локални жители кои се љубопитни за вкусот на нашата храна. На свеченото отварање присуствуваа и официјални претставници на Обединетите Арапски Емирати, како и претставник на новоотворената Амбасада на Република Србија во ОАЕ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025

Една четвртина од светската популација нема пристап до безбедна вода за пиење

August 26, 2025

Пукотница на селски имот во Австралија, двајца полицајци се убиени

August 26, 2025

Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши

August 25, 2025

Евростат: Италија, Шпанија и Франција се европски лидери во производство на зеленчук

August 25, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.