Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Белгија размислува за мерки против лажни вести на “Жолтите елеци“

0
By Нова ТВ on January 7, 2019 СВЕТ
Фото: abcnews.al
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 7, 2019 12:29

Белгискиот министер за надворешни работи, Дидие Рејндерс, најави утрово дека треба да се “размисли“ за можни мерки против лажна вест за смрт на демонстрантка што ги проширија припадници на „Жолтите елеци“ во текот на викендот.

На бројните страници на “Жолтите елеци“, кои демонстрираат во Франција од ноември секоја сабота, овој викенд се прошири лажна вест за наводна смрт на белгиска демонстрантка за време на саботниот протест во Париз. Објавени се постови на разните Фејсбук групи на “Жолтите елеци„ во кои се изразува сочувство за  жена наречена Корали која наводно била убиена од полицајците за време на протестите во Франција. Повеќе “Жолти елеци“ снимија и видеа во кои тврдат дека сведочеле за нејзината смрт, а еден од нив отиде дотаму да плаче во петминутно видео посветено на оваа измислена смрт.

По проверките на белгиското МНР и на француските власти утврдено дека е ова лажна вест и дека не постои Белгијка Корали убиена на протестите во Франција.

Но, во меѓувреме информацијата е преземена и објавена од повеќе медиуми во Белгија и во Франција, додека пак припадниците на “Жолтите елеци“ објавија извинувања на своите Фејсбук групи.

Белгискиот министер за надворешни работи утрово на белгискиот јавен сервис рече дека ова преставува скандал и дека не прифаќа извинувања.

-Немавме никаква индикација од француските служби за некаква смрт или пак повредено лице од Белгија. Повторно проверивме во недела наутро и натаму немаше индикации за починато или повредено лице, и ме фрапира тоа што немавме никакво барање од некое семејство, рече министерот.

Тој посочи дека полициските и здравствени служби “имаат друга работа“ во вакви тензични моменти од тоа да “проверуваат лажни вести“.

Во овој контекст, министерот размислува за можни правни мерки.

-Мислам дека треба да се размисли, не знам дали обвинителството има средства да преземе, врз основа на овие елементи, судска постапка. Ако има, тогаш веројатно треба да се преземат мерки.

Тој додаде дека треба да се отвори дебата во парламентот.

-Предалеку отиде ширењето на овие информации, посочувам дека беа преземени, со дистанца, од важни информативни медиуми во Белгија.

Министерот вели дека е многу изненаден од лицето кое снимило видео во кое четири минути плаче и жали поради измислената смрт на некоја жена “кога не знаеме воопшто што се случило“, рече Рејндерс.

Протестите на “Жолтите елеци“ уште еднаш го отвораат прашањето на лажните вести кои циркулираат на интернет. Информацијата за лажната смрт на демонстрантката меѓу првите ја преземаа руските медиуми РТ Франција и Спутник Франција, посочија новинарите кои ги следат овие настани.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.