Брегзит се уште се нема случено, но веќе ја стеснува британската финансиска индустрија.
Банките и другите финансиски компании повлекоа најмалку еден трилион долари од земјата и пренесоа во Европската Унија поради Брегзит.
Многу банки отворија нови канцеларии низ Европската Унија, за да ги заштитат своите регионални операции по Брегзит, и да бидат во склад со европските регулативи. Други фирми се селат за да ги заштитат своите клиенти од ненадејни промени на регулативата.
Британија би требало да ја напушти Европската Унија за 81 ден, но британската премиерка Тереза Меј се уште ја очекува поддршката од Парламентот за “договорот за развод“ со ЕУ.
Банкарите предвидуваат дека последиците од Брегзит може да бидат полоши и од економската криза од 2008 година.




