ЕК е задоволна од напредокот на Албанија во изминатиот период. Минатата година ЕК не препорача кандидатски статус за Албанија но годинава тој впечаток е поправен.
Албанија одржи добри избори, усвои два клучни закони и деловникот во парламентот беше усвоен со политички консензус. Оттука, ЕК препорачува на Албанија да и се даде кандидатски статус и верува дека во наредниот период земјата ќе се бори со органзираниот криминал.
Албанија во наредниот период ќе треба да ги зајакне своите напори да исполни пет основни критериуми. Тоа се реформата на јавната адинистрација, работа врз зајканување на независноста на судството, понатамошни напори во борбата против организираниот криминал и мерки за заштита на човековите права вклучително и тие на Ромите.
ЕК е спремна да и помогне на Албанија да ги исполни овие услови и вели дека ќе отвори висок политички дијалог со земјата.