Книжевната награда за најдобар роман напишан на англиски јазик за 2013-та отиде во рацете на Еленор Кетон. Со 28 години авторката од Нов Зеланд е најмлада добитничка на Букер, а со 832-те страници нејзиниот роман The Luminaries е најдолгото наградено дело.
Кетон имала 25 години кога почнала да го пишува романот – мистериозна приказна сместена во времето на златната треска во 19-от век.
Земајќи ја наградата, Кетон изјавила дека The Luminaries била „кошмар“ за издавачите. Таа е така структуираа што секое следно поглавје е точно половина од должината на претходното.
Книгата излезе на 5-ти септември 2013-та.
Од следната година освен автори од Комонвелтот и Ирска, за наградата ќе може да конкурираат и Американци. Основното правило, дека книгите мора да бидат објавени на англиски и понатаму останува да важи.