Published: Monday, January 14, 2019 10:54
Ќе гласам за доверба на владата, вели заменик министерот за земјоделство, Василис Кокалис од редовите на Независни Грци, во неговата писмена изјава до медиумите, јави МИА од Атина.
-Длабоко сум уверен дека оваа влада треба да добие можност да ја заврши својата работа со низа големи реформи и закони кои ќе ја вратат во нормала земјата и ќе отстранат секакво сценарио за дестабилизација. Од оваа причина ќе дадам глас за доверба на владата, објаснува Кокалис во неговата писмена изјава.
Тој, заедно со неговата сопартијка, министерката за туризам Елена Кундура, се дел од владината делегација во Кина.
Двајцата министри од редовите на Независни Грци не присуствуваа на вчерашната прес конференција на Панос Каменос.




