Во 10 часот утрово, по локално време, продолжува расправата во грчкиот Парламент за гласање доверба на Владата, додека пак вечер, околу полноќ пратениците ќе треба да одлучат дали ќе ја поддржат или не владата на Алекисис Ципрас.
Вчерашната расправа во Парламентот траеше 12 часа и заврши, како што и беше предвидено, на полноќ. Прв на пратениците им се обрати грчкиот премиер кој образложи зошто бара и треба да добие доверба, а веднаш потоа збор зедоа и лидерите на политичките партии.
Првиот ден од расправата за гласање доверба, беше со жестоки реакции дискусии и дофрлувања меѓу пратениците, но и лидерите на партиите.
Во текот на денешниот ден се очекува да говорат пратеници, а непосредно пред гласањето повторно ќе се обрати грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Според последните пребројувања и јавно изнесени ставови од пратениците, владата ќе ги добие потребните 151 глас за да доверба и поддршка.
Освен 145-те пратеници на СИРИЗА, се очекува, позитивно да гласаат независната пратеничка и алтернативна министерка за цивилна заштита, двајца поранешни и двајца сегашни членови на Независни Грци и поранешниот пратеник од Река, Спирос Данелис.
Гласањето за доверба на Владата следи откако министерот за одбрана и лидер на коалицискиот партнер Независни Грци, Панос Каменос поднесе оставка, поради несогласување со Договорот од Преспа.
Но четвроица негови пратеници, дел функционери во Владата, му откажаа послушност и најавија дека ќе го поддржат Ципрас.




