Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Можно е Русија да го напушти Советот на Европа-руските пратеници го продолжуваат бојкотот

0
By Нова ТВ on January 18, 2019 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 18, 2019 14:15

Во пресрет на зимската сесија на Парламентарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ), руските пратеници одлучија да го продолжат бојкотот на оваа паневропска организација, со што Русија е се поблизу до истапување од неа, јави дописникот на МИА од Стразбур.

Долниот дом на рускиот Парламент, Државната дума, со големо мнозинство усвои Резолуција за продолжување на замрзнувањето на финансискиот придонес на Русија во Буџетот на Советот на Европа.

Руските пратеници, исто така, одлучија да не испраќаат своја делегација на следната сесија на ПССЕ, што започнува в понеделник. Ваквата одлука може да значи дека Русија нема да учествува во работата на ПССЕ во текот на целата година.

Претседателот на Државната дума, Вјачеслав Володин, изјави дека оваа Резолуција е донесена во „интерес на рускиот народ”.

На руската одлука реагираше портпаролот на генералниот секретар на Советот на Европа, Торборн Јагланд, Даниел Холтген, кој нагласи дека „продолжуваат дискусиите за изнаоѓање решение“ за спорот.

Тој потсети дека германскиот министер за надворешни работи Хејко Мас најави дека Берлин сака „активно да придонесе“ за решавање на конфликтот и дека за ова прашање ќе разговара со неговиот руски колега Сергеј Лавров за време на денешнатра посета на Москва.

Советот на Европа, најстарата паневропска организација посветена на заштитата на човековите права и промоција на демократијата, чие седиште е во Стразбур, минува низ сериозна и долга криза во односите со Русија, што започна со руската анексија на украинскиот полуостров Крим во 2014 година.

Како одговор на анексија, ПССЕ, кое опфаќа повеќе од 300 пратеници од 47 земји членки на Организацијата, им го одзеде правото на глас на руските пратеници. Москва на ова одговори со неучество на нејзините пратеници во работата на ПССЕ  и со прекин на уплатата на своите обврски во Биџетот на Организацијата од 2017 година, кои годишно изнесуваат 33 милиони евра.

Според правилата на Советот на Европа, доколку една земја членка не ги плати своите финансиски обврски две години, ризикува исклучувањето од Организацијата. Русија престана со уплатите на средства во буџетот во јуни 2017 година, со што во јуни годинава би бил исполнет условот за нејзино исклучување од Советот на Европа.

Можното напуштање на Русија од Организацијата, што ќе биде прв таков случај од нејзиното формирање во 1949 година, ќе им оневзможи на руските граѓани да поднесуваат жалби и тужби до Европскиот суд за човекови права.

Во последниве години, Судот донесе повеќе одлуки за осуда на Русија и и наложи да им исплати значителни отштети на противниците на Кремљ и на активистите за заштита на човековите права, меѓу кои и на опозицискиот лидер Алексеј Навални и членките на групата Пуси Рајот.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.