Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека е важно меѓународната заедница и Европа да соопштат дали наскоро ќе бидат укинати косовските такси на стоки од Србија, односно дали дијалогот ќе продолжи, за да знае дали да се организираат вонредни избори или не.
-Ако нема дијалог, нема пречки да се оди на избори. Затоа е важно да знаеме дали сакаат да разговараат. Мислам дека е важно да ги земеме предвид државните интереси и затоа сакаме одговор од Европејците и од Приштина. Ако не се укинат таксите, тогаш да им дадаме шанса, како и за идејата на Харадинај да ме тргнат од власта. А тоа се работи за на избори, рече Вучиќ на обраќањето до медиумите после посетата на рускиот претседател Владимир Путин на Белград.
Тој додаде дека е подготвен да ги сослуша сите наводи дека избирачкиот список не е добар и да сите можни неправилности се коригиранаат.
Вучиќ рече дека не е до Србија да „покажува мускули, туку да размислува“ и да бара разговори, бидејќи како што додаде „тој ја моли албанската страна да ги укине таксите, бидејќи без овие решенија ќе имаме политички и економски проблеми“.
-Ние сме подготвени секогаш да разговараме, да видиме до каде е стигнато со Заедницата на српските општини и какви идеи имаат за конечното решение. Гледам дека тоа е Србија да ја признае независноста на Косово, но што има Србија и Србите од сето тоа, од Приштина за ова не добив никаков одговор, рече Вучиќ.
Тој ја негираше изјавата на претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весели, дека рускиот претседател Владимир Путин му рекол да мора да ја признае независноста на Косово.
-Не го слушнав тоа од Путин, но Весели можеби дојде до тоа. Мене Путин напротив, се спротивно од ова ми кажа, рече Вучиќ.
Тој кажа дека Путин ја повторил својата позиција за Косово, како и дека не разговарале за форматот на дијалогот со Приштина.




