Македонскиот игран филм „Балканот не е мртов“ на режисерот Александар Поповски премиерно ќе биде прикажан вечерва во кино „Милениум“.
Филмот лани го затвори 33. Фестивал „Браќа Манаки“ во Битола, но поради техничка доработка досега немаше кино дистрибуција.
Техничките проблеми се отстранети и филмот ќе биде редовно прикажуван во Скопје. В сабота филмот ќе има премиера во Битола, од понеделник ќе се емитува во Струмица и во други градови низ Македонија.
Филмот е работен според сценарио на Дејан Дуковски, Александар Поповски и на Ана Ласиќ, а улогите ги толкуваат актерите Никола Ристановски, Драгана Костадиновска, Јордан Симонов, Никола Ацески, Раде Шербеџија и други.