Се зголемува бројот на Британците што би гласале за останување на Велика Британија во ЕУ, тврди анкетата на Институтот YouGov, направена на барање на поддржувачите на контра-Брегзит кои сакаат нов референдум.
Заклучокот на институтот не е резултат на промена на мислењето на јавноста туку на демографскиот развој. Бројот на Брегзит поддржувачите, кои се постари по години, е намален од референдумот на 2016 година, додека бројот на младите што стасале до возраст кога можат да гласаат е зголемен.
Статистиката тврди дека контра-Брегзит поддржувачите е зголемен за 100.000 лица. Од 2016 година околу 2 милиони млади Британци достигнале возраст за гласање.
Бројот на Брегзит лицата што починале од 2016 година изнесува 320.000 а бројот на контра-Брегзит лицата што починале изнесува 160.000. Институтот заклучува дека бројот на контра-Брегзит лицата секоја година се зголемува за 395.000, бројот на про-Брегзит лицата се зголемува за 60.000 годишно, па така позитивниот биланс би бил од 235.000 лица што би го дале својот глас за останување во ЕУ. YouGov заклучува дека Брегзит кампот губи секој ден 1.356 гласови.




