НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Студентски поздрав

0
By Нова ТВ on October 19, 2013 КОЛУМНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На нашите факултети не се знае „кој јаде, а кој пие“, но студентот – ни едно од двете. Јас сум студентка која е при крај со студиите и која, сосема идентично со поголемиот дел од студентите, не знае каква иднина ја чека во оваа државичка.

Повеќето од оние млади луѓе кои веќе дипломирале се, или невработени, или работат нешто сосема поразлично од она за што учеле. Затоа, колку има вистина во она „знаењето е сила, знаењето е моќ“ останува допрва да видиме.

Но сега, повеќе би сакала да се задржам на нашиот образовен систем и начинот на кој функционираат факултетите во Македонија. Не дека сакам да се сожалувам и други да сожалувам, но сметам дека нашите факултети се без „компас“, дека во нив се тестираат издржливоста и трпението на студентите, но и дека се „мелница за пари“. Факултетот е најнова мода меѓу младината, не е важно дали сакате да учите, дали знаете што сакате да студирате, дали навистина ќе ве исполнува тоа што ќе го студирате, туку, најважно е да се запишете на факултет и да бидете дел од шемата наречена „студент“.

Нашите факултети ќе ве примат со раширени раце и веднаш ќе ви ја дадат својата жиро-сметка. А квалитетот на студиите е сосема друга приказна.

На факултетите не се знае „кој јаде, а кој пие“. Но студентот – ни едно од двете. Доаѓаш на предавање и така си поседуваш едно „пола саат“ и кога од некаде некој ти доаѓа и ти вели: „Колеги, денеска, нема да имате предавање“. Ние зачудени прашуваме за причината, а причината е – професорите имаат состанок.

Момент, ве молам, зарем тој состанок е поважен од предавањето, предавање за кое плаќаме партиципација, предавање за кое повеќето колеги дошле од други градови? Но, каде да се жалиш? Се е организирано на таков начин што студентот во никој случај не смее да биде во право и да се „буни“.

Ќе завршите факултет и уште ќе бидете во недоумица околу тоа што и зошто плаќате. На пример, плаќате за некакви материјални трошоци, за некаков надомест на книжниот фонд на универзитетот, за спортските активности што ги имате само во првата студиска година, но сте обврзани да ги плаќате во сите четири студиски години, за студентски парламент и за студентски правобранител, за кои не знаете ни како функционираат, ни за што постојат на универзитетот.

Кога и да погледнам во мојот паричник, ја здогледувам и мојата бескорисна студентска легитимација. Таа би требало да ми обезбеди попусти што ги нема и користење на компјутери што, исто така, ги нема на мојот факултет.

Додека не се запишав на студии имав многу високо мислење за универзитетите. Но откако почнав да студирам мојата „бајка“ се распрсна под притисокот на грдата реалност: професорите не доаѓаат на предавања, а ги нема ни за консултации; вежби речиси и да нема; распоредот не се почитува; за некои изборни предмети нема професори, па си приморан да избираш други предмети; професорите сами си избираат систем на оценување, не се држат до правилата за оценување/ бодување кои се дадени од ректоратот и др.

Покрај ова, тука се и студентските прашања, за кои секој студент може да се пожали и да раскаже некоја непријатна случка. Тоа се „студентски прашања“ во кои не смееш да прашуваш.

Оваа листа ја оставам отворена бидејќи верувам дека секој студент, за жал, има со нешто да ја надополни и да ја илустрира…

Мануела Тасева

Авторката е студентка на филолошки факултет програмата „Млади промотори на слобода на изразување“ ги поттикнува младите луѓе преку есеи, мултимедијални продукти и кампањи што сами ги осмислуваат да бидат активни граѓани кои се борат за слободата на изразување, а против говорот на омраза, стереотипизирањето и етикетирањето. Авторите на
есеите, мултимедијалните продукти и на кампањите се средношколци и студенти кои штотуку стапнуваат на јавната општествена сцена и бараат слободен простор за себе и за своите ставови. Повеќе информации за активностите во проектот може да добиете на http://www.mof.mk/izrazise/ Проектот „Млади промотори на слободата на изразување“, финансиран од Европската Унија, преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), го реализираат НВО Инфоцентарот и Младинскиот образовен форум. Содржината на текстовите е единствена одговорност на НВО Инфоцентарот и Младинскиот образовен форум и на никаков начин не ги рефлектира гледиштата на Европската Унија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Воени сцени во центарот на градот

ВЕСТИ August 16, 2025

Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата.

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

И вечерва протести низ Србија

August 15, 2025

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

August 14, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.