НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ѓорчев објави кандидатура за претседател: СДСМ нека му ја мисли за мојот противкандидат

0
By Нова ТВ on January 23, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратеникот од ВМРО ДПМНЕ Владимир Ѓорчев денеска официјално објави дека поднел кандидатура за претседателски кандидат од неговата партија.

Партиската кандидатура треба да биде потврдена на конвенцијата која ќе се одржи на 16 февруари во Струга.

-Има моменти во животот кога човек треба да го искористи своето знаење, искуството и познанствата и она што тој го направил за државата и за народот.Македонија губи, Македонија назадува. Не се добри состојбите во Македонија. Од тие причини се кандидирам за претседател на РМ. Поседувам искуство, мотивација, чесност, лојалност, рече Ѓорчев на прес конференцијата во Собранието.

Тој најави дека во следните три месеци ќе патува во секое место, каде ќе ја побара повторно поддршката од оние кои и досега му го давале мандатот, додека на, како што ги нарече скептичните, ќе им даде објаснување за сите нивни дилеми.

Оваа апсолутистичка власт што „Економист“ ја дефинираше како хибриден режим мора да има баланс. Не смее да се дозволи на СДСМ и Зоран Заев да ги узурпира институциите на државата. Пораз не прифаќам, на сите 5 изборни цикулуси на кој сум бил носител секогаш сум победувал. Ги имам сите рекорди во победа, рече Ѓорчев.

За тоа кој ќе му биде противкандидат рече дека „ не се грижи“ и додаде дека „СДСМ треба да му ја мисли“.

-Во 21 часот вечерта на 21 април половина час ќе набројуваме каде сме победиле, рече Ѓорчев.

Освен Ѓорчев на партискиот оглас кој е отворен до 31 јануари досега има пријавено уште еден кандидат за претседател кој е  непознат за јавноста.

ВМРО-ДПМНЕ на 4 јануари објави јавен повик за пријавување кандидатури за избор на претседател на државата за претседателските избори напролет. Рокот за пријавување кандидатури за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ истекува на 31 јануари.

Претседателскиот кандидат ќе го бираат 550 делегати на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ со тајно гласање на 16 февруари. За избран ќе се смета кандидатот кој добил најмногу гласови од сите кандидати, но не помалку од 1/3 од вкупниот број на делегати.

-Повеќе од 20 години Ѓорчев е дел од ВМРО-ДПМНЕ. Повеќе од 20 години Ѓорчев ги премолчува сите криминални и погубни политики на неговата партија. Со години молчеше за криминалите на Груевски, денес молчи за антидржавното и антизападното однесување на неговиот шеф, Мицкоски, се вели во реакцијата од владејачката СДСМ.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Волстрит џурнал: Пентагон не и дава на Украина да користи оружје со долг дострел против Русија

August 24, 2025

Норвешка ќе и испорача на Украина ПВО системи во вредност од скоро 700 милиони долари

August 24, 2025

Трета недела по ред доларот лизга удолу

August 24, 2025

Нови собири низ Србија на „Граѓани против блокадите“

August 24, 2025

Железничкиот сообраќај во Црна Гора во прекин поради штрајк на диспечерите

August 23, 2025
ФОКУС

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

ВЕСТИ August 24, 2025

Санкт Петербург и Ленинградската област вчера беа цел на напади со беспилотни летала, што предизвика…

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Нетанјаху: Израел ќе ја освои Газа без разлика дали Хамас ќе ги ослободи заложниците

August 21, 2025

Пентагон: Сценарија за Украина ќе бидат презентирани на европските советници за национална безбедност

August 21, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.