Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МАЛМЕД: Вакцините со погрешни декларации ќе се уништат иако се исправни

0
By Нова ТВ on January 25, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 25, 2019 15:14

Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) донесе решение да се уништат вакцините против морбили кои беа со погрешни декларации, но како што велат се исправни.

Станува збор за 624 кутии на вакцини PIORIX (Приорикс)) од производителот Глаксо Смит Клајн( GlaxoSmithKline Biologicals S.A.) Ринсенсарт, Белгија со погрешни декларации, кои беа пронајдени во Здравствените домови, но каде рокот на самата вакцина и на внатрешното пакување се со важечки рок на траење и се безбедни, информираат од Агенцијата за лекови.

 „Со повлекување на вакцината од Здравствените домови повикувајќи се на Законот за лекови и медицинските средства, согласно член 106 став 1 точка 5, оваа вакцина се смета за лек кој не е за употреба. Затоа МАЛМЕД  донесе решение да се уништат количините од оваа вакцина“, велат во Агенцијата з а лекови(МАЛМЕД).

Од МАЛМЕД информираат дека утврдиле дека во пунктовите за имунизација во јавните здравствени установи во државата на овие вакцини има неусогласеност на податоците во однос на серискиот број и рокот на употреба наведени на оригиналното контактно и надворешно пакување на лекот од производителот и налепницата на надворешното пакување на лекот(вакцините) која содржи податоци напишани на македонски јазик.

„Ова  е спротивно на членот 85 од Законот за лекови и медицински средства. Уште едно прекршување на Законот според кој, овие вакцини мораа да бидат повлечени од Здравствените домови иако имаа важечки рок на траење“ информираат во МАЛМЕД.

Од Агенцијата потенцираат дека, имајќи ги во предвид горенаведените законски одредби, повлечените количини од лекот PIORIX(Приорикс) се со погрешна налепница и не може да се дозволи да се употребуваат, поради што истите ќе се уништат согласно член 146 став 1 точка 4 од Законот, според кој фармацевтски инспектор кој извршил надзор на лековите има право и должности да нареди уништување на неисправен лек во согласност со прописите за заштита на животната средина.

Од друга страна уништувањето на вакцините, кои веќе биле аплицирани кај децата предизвика страв и револт кај родителите кои бараат одговорност од надлежните и оставка од министерот Филипче затоа што се дозволил таков пропуст.

„Оставки и одземање на лиценците, тоа е најмалку што може да се направи. За деца се работи“, се најчестите коментари на социјалните мрежи.

Извори кои се упатени во проблематиката, за НОВА брифираат дека со  уништување на вакцините кои беа со погрешни декларации, Агенцијата за лекови (МАЛМЕД) бара начин како да ја казни веледрогеријата „Македонија лек“ бидејќи  Законот за лекови не предвидува казни за ваков тип „технички грешки“.

„На тој начин, со прогласување на вакцините за неисправни, тие може да се уништат заради неисправната декларација, иако вакцините се исправни. Тоа е единствениот начин како да ја казнат веледрогеријата „Македонија лек“, за погрешните декларации. Но, со ова се создава страв и сомнеж кај родителите кои веќе ги вакцинирале своите деца со овие вакцини“, велат извори за НОВА.

Од МАЛМЕД вчера за НОВА потврдија дека ќе бараат максимална казна за веледрогеријата „Македонија лек“ која изнесува од 25 000 до 50 000 евра.

Одговорноста за овој „пропуст“ ја фрлија на веледрогеријата која ги набавува и дистрибуира вакцините и дека сетоа тоа е во делот на Министерството за здравство и самата веледрогерија.

„Ние сме одговорни само во делот на договорите, дозволите и го следиме ладниот ланец“, одговорија вчера од МАЛМЕД.

Добро упатени извори во оваа проблематика велат дека штом пристигне нова серија инспектори од МАЛМЕД излегуваат на терен и прават контроли,  а тука секако спаѓа и делот за амбалажата, како и налепниците кои ги става веледрогеријата.

„ Инспекторите од МАЛМЕД  ја проверуваат секоја серија, секој увоз, секој влез подлежи на контрола и тие се одговрни во тој дел“, велат нашите извори.

Во јавноста, пропустот со вакцините на кои имало погрешни декарларации е протолкуван како многу несериозен чин од здравствените власти и тоа во време на епидемија со морбили кога многу родители одлучија да ја дадат својата доверба и да ги вакцинираат своите деца. Нејасно е, исто така како здравствените работници аплицирале вакцини кај деца без да го погледнат рокот на траење на вакцините.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.