Следната недела највисокиот партиски орган Извршниот одбор на СДСМ ќе донесе одлука дали заедно со претседателските да се одржат и парламентарни избори.
Оваа одлука ја донесе Централниот одбор на денешната сендица. Како што изјави генералниот секретарна партијата Александар Кирацоски, на денешната дебата преовладувале различни ставови, но за донесеување на одлуката е овластен ИО.
Исто така на денешната неколкучасовна седница донесена е одлука да започне процедура за избор на кандидат за претседателските избори која ќе заврши со Конгресот на 3 март. Исто така ќе се предлагаат и кандидати за градоначалници на Дебар, Охрид и Ново село, кои ќе се бираат заедно со претседателските избори.
Претходно денеска, вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска рече дека ДУИ ќе го следи ставот на коалицискиот партнер.
-Начелно сме против избори, меѓутоа доколку СДСМ денеска одлучи дека се за парламентарни избори ние нема да бидеме против. Но, даваме порака до сите политички партии дека сега е време за фокус на реформската агенда и започнување на преговори оваа година, подвлече Османи на новинарско прашање по семинарот на СЕП и Француската амбасада за подготовка на администрацијата за пристапни преговори.




